над (предл.) - планина (имн.)

Со денови и читам преданија За змевот што летал Над планини и мориња И пак им се вратил На крвавите очи од кои се родил И останал змев за приказ.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Молчи змијата, Се таи. Си го знае таа Својот пат Над планини И мориња.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Отаде Бистрица, бијат топовите и над планините кружат авиони...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вцрвенети облаци над планините. Полусветлина - распостелува шаренило, кое потемнува и потемнува, ја покрива ливадата, невидливо дотекува, се згустува, натежнува, ја обгрнува котлинката, во сивило ги втопува дрвјата и околината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Прскаат од него милиони искри во зазорените патишта над планината, го цепат воздухот над нашите глави и само погледите сега го следат ова нивно преселување во највисоките височини, во недогледните далечини, тајно - бескрано.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Сонцето беше извишено далеку над планините кога Бахтијар-паша ја доби веста за извршениот трет напад од башибозуците и за нивните големи загуби.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Далеку, зад или над планините, татнат ви сивилото копита на невидливи џиновски коњи, молснува под нив за миг остра белина...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јас ја замислував како кртица која рие и се крие во земјата или лета и фучи како лилјак во темнината, како алетина завива над коријата, над планината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Раката на есента бавно и нежно се спушти над планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Облаците исчезнаа, грејна едно сонце и над планината како да се истури чисто злато.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Следниот ден по ништо не се разликуваше од претходниот. Небото расипнички се истураше над планината, настојувајќи во сите нерамнини, во сите темнини, во исте празнини да се стави себеси.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Северниот ветер што дуваше од утрото, ги беше скршил некаде своите крилја, па сега изгледа над планината струеше топол јужен ветер.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Смирување на денот. Сонце веќе нема, багремот се капе во последната светлост, пурпурен залез здивот го зема над планините над Мургаш додека чекам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Мислиш дека ќе заврне? – рече Еразмо, упатувајќи го погледот нагоре кон натежнатите облаци кои како огромни сиви вреќи тежеа над планината со сета своја влажност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
II Пролетното сонце веќе заоѓаше над планината и околу него се собираа некои црвени облачиња што носат кучешки ветер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)