над (предл.) - огниште (имн.)

Есени, сам крај огниште Распретуваш нешто во пепелта, си мислиш, Гледаш како се буди огнот, како разгорува, Како се исполнува мракот околу тебе со илјадници искри, Како се искачуваат тие потоа по полиците, Меѓу дуњите, меѓу јаболките, И како згаснуваат уште при првиот допир Со синџирот што виси над огништето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Стави над огништето котленце со вода. Се нагрна со една черга и полека, држејќи се за ѕидот, за да не падне, излезе од колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На поличката над огништето секогаш имаше кибрит, крај огништето секогаш можеа да се најдат суви дрвца за потпалување и борина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги отфрли од себе дебелите волнени черги, се наведна над огништето, го распрета од синоќа запретаниот жар, фрли врз него пет, шест суварки, раздува малку и го остави огништето да чади.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Извади едно парче, го донесе над огништето, го исчисти од солта, па го исече на четири парчиња.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А потоа, откако убаво ги истопли опинците од Сандрета, кој за цело време ги врткаше над огништето, се сврте кон старицата и рече: - Донеси чорапи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Како да не ти верувам?“, му велам, зарем не видов како профучи над нас онаа граната, којзнае од каде залутана, и се распрсна токму над огништето на Пинговица, над мудбакот нејзин, а мажот ѝ, Сотир арабаџијата, оној што ги носеше трговците по пазарите, дотрча по поплочаниот двор и не знаеше како да влезе во мудбакот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Надвор дуваше ветер. Слабата светлина од борината ставена во еден тас над огништето, одвај успеваше да ја осветли одајата некаде до половината, така што снаата ја криеше мракот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бошковица, офкајќи од староста, се ведна над огништето да ја врши работата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)