над (предл.) - оган (имн.)

При кревањето на завесата оддалеку се слуша песната „На сон ми е дојдена“, пеена од седум девојки.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
— Шо ќе вида, шо ќе чуа па ти! Си залеа вода, и си киниса ваки со Јова и Бојана, — одговори Нешка и си забуцка да бара нешто во камарата над огнот каде што си ги оставаше своите работи: кончарката, иглите, калец или чорап што плетеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се поздрави со Стоја и со Трајка, им ја честита новата снаа и, по обичајот, си го зеде пагурчето од камарчето над оганот. (Да му се најде нешто в раце: Невела е да седи човека празен на радост или жалост, „господ да чува!“)
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во аголот огниште, над огнот обесен котел.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)