А ќе го стекнеме, продолжува Браун, ако изградиме општествена рамка за слободата на човечката игра во просторот, ако човековата активност стане игра што „постојано раѓа” (Јакоб Беме), игра веќе не со стаклени перли туку со космоси.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Со тие раце веќе не можеше да се ткае филигранството на човечката анатомија.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Има ли подобар доказ за отуѓувањето на човечките производи од човекот, кога постои толку 200 изразена готовност за некоја апстрактна цел да се жртвуваат живи битија, од крв и месо?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имено, двата пристапа кон сликарството се упатени кон најдлабоките слоеви на човечката душа и одејќи сѐ повеќе од онаа страна на рационалноста покажуваат дека остварената ирационалност и парадокс можат да имаат зачетоци во други, не помалку длабоки типови на значења кои можат да ги ускладат и смират очигледните спротивности како што се животот и смртта; реалното и имагинарното; минатото и иднината.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)