Во мускулите, од рамото до лактот, боцкаат тапи иглички и длетото на двапати му падна од раката, која започнува да ја губи својата способност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Како било и што било, што се прават тамошните луѓе штркови, другаш ќе ви кажам, браќа им рекол Силјан, сега згора-згора ќе ви кажам оти и јас се сторив штрк на двапати и едно цело лето сум ви седел овде на нашава куќа и сум патил триста маки; арно ама не верувам да ми верувате оти сум бил штрк.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Струмичката жупа, во српското со хрисовула се потврди во имотот на Хилендар, па секоја година на двапати, во половината на септември и во половината на март, сѐ што се збираше од народот се носеше во Хилендар, и тоа беше утврдено со оловен печат за да не се измрда.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Откаде на Сивета толку пари: педесет, шеесет гроша за цело кило пченица?“ се прашаше сама со себе, и умот и појде како на секоја млада жена што си го сака мажа си, во женски — машки работи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Утредента Сиве не отиде на работа в планина, но купи цело кило пченица и на двапати по осмак ја однесе на воденицата и до вечерта донесе сто оки брашно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)