Беше сам на покривот, еден човек меѓу патинираните обезбоени пирамиди од покриви, посипани со исушен хумус по керамидите, еден осамен човек застанат над куќата и над улицата од која, одоздола идеше мирис на лесно живнување по пладневната замрсеност на плочниците, усвитени од пекот на јулското сонце, кое сега се кршеше зад аглите од повисоките куќи на работ од градот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Колку е мирно тука, помисли, така барем му се стори во првиот миг, а само да се заслушаше под тенката корка на бетонот од ова масивно куќиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Беше човекот така сам, небаре поблизу до небото и до тишината на голото сиво пространство.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Толе се изненади на неговата љубов и приврзаност, но за него таа беше бледа сенка од бело облаче, која за час исчезнуваше под светлите лачи на јулското сонце.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)