На четириесеттиот ден од смртта на баба Ристосија, змијата со цветот во уста, исчезнала во студениот простор на црквата, среде мирот и босилокот, покрај иконите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во постмодерниов момент, можеме да ги видиме сите истовремено - аскетизмот на триесеттите, геноцидот на четириесеттите, рамните потпетици на седумдесеттите, - вртоглаво се движиме низ милениумот, како да тонеме и при тоа го гледаме сето наше минато.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ме погледна зачудено Масим, синот на стрико Бојан, ја подотвори устата во чудо, ги ококори очите и прекорно ми рече: Какво писмо ти пратил татко, кога тој почина пред една година во Домот за старци во Катланово, го погребавме по сите обичаи на градските гробишта, му правевеме помен на четириесеттиот ден и парастос на годината од умирањето?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)