на (предл.) - тажен (прид.)

Навистина сѐ уште бев далеку од помислата дека користењето на тажната насмевка за да ѝ се руга на туѓата несреќа не е природната жална маска на нејзиниот карактер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Под сенката на тажниот поглед што умира во пазувите на празни прегратки...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кога нервите му беа испокинати по долгите часови сослушување, дури и ваквото преколнување можеше да го натера на тажно липање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само гората пееше некаква монотона песна која на Толета му личеше на тажна тажба од илјадници ожалостени мајки и сестри што ги оплакуваат своите несреќни рожби и браќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)