на (предл.) - соодветен (прид.)

Националистичкиот кич ги прокламира своите темелни идеи: национален суверенитет и привилегираност на единката втемелена на соодветна крвна група.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Штом ќе завршеше со секоја од пораките, Винстон ги закачуваше своите диктографирани исправки на соодветниот примерок на „ Тајмс“ и ги спушташе во пневматската цевка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Емил Литре, во едно од фигуративните значења на поимот јаничар, сведочи за постојаните приспособувања кај Европејците во духот на соодветните состојби, и по подемот и падот на јаничарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа ми „враќаше“ на соодветен начин. Прво му се израдував.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа требаше дополнително да се разгледа: Единствената мирољубива опција - пријавувањето на проблемите на соодветен општествен орган - отпаѓаше во старт, затоа што требаше да се пријавува кај самата мета...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој го чувствува фактот дека максималната валентност на соответна содржина може да се постигне само и доколку таа содржина се вгради во нејзината природна метричка и акустичка структура, доколку ја зголеми нејзината тензија со ефектите на обртот и непредвидливоста, и дека носечка суштина на јазикот на поезијата е неговата рефлексивност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се чувствуваше слаб и немоќен за да може болката повторно да се бори со множеството детали, со нештата што требаше да се координираат, една работа да се вклопи во друга, прво ова да се направи, а потоа другото да следува, целата конструкциска скица да напредува со точен редослед, и соодветниот човек и соодветниот материјал да бидат на соодветното место и соодветното време.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Совети за појасна проценка на туѓите мани и доблести со резултат на соодветно однесување кон истите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Разбира се, професорската елита требаше да го следи примерот со форсирање на соодветен имиџ. Хе, хе, ова беше забавно.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Така, покрај стандардните воени вежби на југословенската армада и цивилното пучанство требаше да биде заучено на соодветен пакет мерки и активности од полувоена природа, за со нивна помош целосно да се инфилтрира во концептот Сите сме одбрана.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Миха гледаше да го избегне одговорот, па побара време да размисли, а стариот му препорача што поскоро да се реши за да има кога да ургира на соодветното место.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Содржината на пораката, по дипломатски пат требаше да се пренесе на соодветното место.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Наместо дотогашното пресметување на пензиската основа за овие периоди врз основа на платите на засегнатите лица пред настапувањето на невработеноста, привремената спреченост од работа, отсуството од работа, односно инвалидноста, со усвоените измени определувањето на пензиската основа за овие периоди ќе се врши врз основа на соодветните парични надоместоци (чл. 2-4, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
5. Беа воведени и промени кај веќе постоечките видови работни односи: а) Во врска со одредбите што се однесуваат на статусот на приправниците, со ЗРО (1993) се избриша одредбата на ЗРО на СРМ (1990) која велеше дека приправникот кој врши волонтерска работа има право на здравствено и инвалидско осигурување, за инвалидност и телесно оштетување предизвикано со повреда на работа или професионално заболување, како и право на соодветен паричен надоместок за вршење на работите и задачите утврдени во општиот акт, односно колективниот договор – на товар на средствата на организацијата надлежна за работите на вработувањето (чл. 5, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
2 Тој имаше девет месеци работен стаж во таа институција пред да го покрене конкретниот спор опишан подолу.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ова владино Министерство, каде имаше над 250 вработени лица, распоредени на соодветни места и задачи – С.С., кој имаше завршено високо образование, според Правилникот за систематизација на работните места при МО (2002/2003), ја извршуваше функцијата раководител на сектор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)