на (предл.) - советски (прид.)

Како вистински јаничар тој беше во состојба да ја жртвува својата мала татковина и својот идентитет на Грузинец за идеолошката татковина на советскиот комунизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нежниот глас на спикерката и благата музика ги следеа заледените фотографии на советските градови во кои живата се симнуваше до 40 степени под нулата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во болницата го држеа само за реклама на советската медицина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Должен сум, вели, да ви ја соопштам тажната вест дека почина генералниот секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, таткото на народот и нашиот голем учител и водач, генералисимус Јосиф Висарионович Сталин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А од 1 до 23 јуни, истата година, во Москва престојува званична делегација на Владата на ФНРЈ и е потпишана декларација за односите меѓу Сојузот на комунистите на Југославија и Комунистичката партија на Советскиот Сојуз.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крај на империите Сведоци сме на крајот на империите, но не само на крајот на советската туку и на американската империја, а без сомневање исчезнува и последниот остаток од француското колонијално царство, а со него и структурите создадени во Африка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Партизан“ го нарекоа киното кое се прочу не толку по прикажувањето на советските воени филмови, туку по тоа што тука Захаријадис од сите источни земји собра свои поклоници и ја формира народно – ослободителната и револуционерна организација на Славомакедонците и ја нарече ИЛИНДЕН.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Минаа времињата кога Мајка го спасуваше семејството од бомби, од разните војски во родниот град крај Езерото, од ловците на сталинисти, кога се скараа Тито и Сталин, кога не сакајќи, ја скри сликата на советскиот маршал.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Специјална едиција на Life сочинета од документарни фотографии на уличните борби, една Британска публикација со приказ на револуцијата од социјалистичка перспектива, потоа една голема уникатна книга од Хувер Институцијата во која што се реобјавени насловните страни на 13 најголеми светски весници, и која има тенденција да покаже како секоја земја ги обработува двете стории на денот: Повторното влегување на Советските трупи во Унгарија, и британското и француското бомбардирање на Суецкиот канал. okno.mk 51
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)