Во чашите тоа беше матно
на слабата светлина.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Модерната филозофија го роди ова посмртно дете, на кое што веднаш му беше направена трансфузија на крвта (и покрај ризикот), пред да го однесат на крстилницата на слабата мисла.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ја голтнав црвеникавата течност без ни малку стравување во однос на слабата толерантност, заради подеднакво слабата цена - нешто кое се покажа за исправно.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дебелото грубо јаже не им се покоруваше на слабите прсти.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
— На слаба светлина ме гледаш, му велам и му ја туркам раката откај мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Особено е ефикасен за борба во населени места, шуми, планини, и во услови на слаба видливост (ноќ, магла, снег, дожд).
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Барокноста на пишуваната реченица и натаму владееше со говорот: - Во болница, се убедив дека душата е своина на слабите.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ни тогаш ни подоцна не се разјаснило што го натерало со еден удар да го забуца до дршка сечилото на ножот зад главата во вратот на Дмитровото сонливо воле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Под светлоста на слабиот факел не можело да се забележи крв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Свесен дека го бие глас на слаб или никаков педагог (сега измислија и нов збор - методичар), Гого не му се мешаше многу во учењето на синот што му беше пошол по стапалките, освен што со едното око ќе ѕирнеше во неговиот блок - да види до каде е.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)