Ќе го оддалечи неговата миграторска крв од идната пролет на Езерото, од времето кога се шири опојната миризба на расцутените бадеми, на синкаво жолтите шебои.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И почитуваниот Богдан Јанков имаше еден таков свој континент, делче на светот што само нему му припаѓа и за него е непроменлив: ја одржува мекоста за нечујно чекорење меѓу проѕирни габери, бресилки и дабови, и за негово лежење, детски, ничкум, со чело на синкав мов, под јата златоперки, или жолтавки, или саријасми, како што одамна со туѓ јазик се викале денес се сосема ретките и скоро заборавени преселни птици, по боја и по необичност блиски, поточно слични на парче сонце.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)