на (предл.) - роден (прид.)

Со што сум можел толку силно да ѝ се замерам на родната татковина, на овие нејзини верни чувари, задолжени да ги контролираат душите на своите некогаш пребегани сонародници, некогашни емигранти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Честеше Иван Џон Сатиноски по повод посетата на родниот крај по многу години престој во Грингила, во Австралија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Едниот случај бил кога била објавена неговата книга на неговиот мајчин македонски јазик и честа да биде гостин на родната земја, кога таа е слободна држава и е ковач на својата сопствена судбина, другиот случај бил кога неговиот автобиографски роман Ова е мојата татковина бил најден на канцелариската маса во Белата Куќа на Претседателот Франклин Делано Рузвелт, веднаш по неговата смрт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го пребарува неговото име во компјутерот, го споредува матичниот број, ми бара државјанство, ама јас сум мајчина, спремно на „готовс“, наредено секое ливче, документче, воена книшка, извод од книга на родени од пред 100 години, како и изводи на сѐ живо од прва линија на рода, крвна и некрвна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Би можел ли да ги погледам? (Пауза) Тоа се веројатно молитвеници и книги на родени и умрени.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И по Богородица ја снемало - отишла по патот на своите претчувства.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа се рашириле по селото секакви прикаски: некои кажувале дека загинала од безмилосни насилници, некои дека му се вратила на родното место.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ги продолжува татковите илузии, во соочувањето со новите налети на балканската историја во двете последни декади на XX век, кога пишувајќи трага по патот на враќањето од егзил, односно пристанува во дотогаш земјата без враќање Албанија, по падот на сталинизмот и енверизмот, односно последниот бастион на комунизмот на Балканот и во Европа, го остварува сонуваното враќање, како почесен граѓанин на родниот Подградец, на брегот на Охридското Езеро, во Албанија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Води ме, ајде, ти пат мој прашен, запази спомен од мојот траг, додека живот – поројот страшен – ме врати на роден праг.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Тој има квалитети на роден писател.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Погледот запираше на родното градче Поградец, почетната точка на последниот егзил на татковото семејство во далечната 1942 година, кое оттогаш небаре осудено на припадност на земја без враќање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Лета јастреб на летното небо под нечитливиот краснопис на зодијакот најпрвин во кругови широки и нагли како скришни помисли потем сѐ поситно, опсесивно запира на родното дно наспроти сѐ друго што и натаму се врти околу својата замислена оска.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Па зар ова не беше пресудата на судбината, по шеесет години егзил, да му се овозможи враќањето на моето семејство во егзил, на родната грутка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)