Будење на зглавјето на сонот и на чистата постела на проѕирното небо помеѓу приказните на ѕвездите (и сѐ ова дури и начкртано со палави движења на детска рака)...
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ако некој се наведнува преку прозорецот
од другата страна на проѕирниот свод
меѓу вообличеното и невообликуваното
значи: Нептун се наведнал
Посејдон посегнал, стрепел страотно
китот убиец во височините се нурнал
свикнат на дно, на бездна
свикнат на најкусиот пат
до центарот, внатрешниот круг на Психе
до замислената точка, мигновената морфема:
едната глава на едната, другата на другата
страна, оностраната
медузо, пијавицо осмоока
стовариште за back-up фреквенција
за реставрација, свргни ја од власт
формата, поведи двобој
восторжи ја публиката, гледалиштето
дејството изделај го зад кулиси, класично
спушти го пердето, занишај ја сцената
оддалеку навева Вишниот
виши, виши вишнее
а под него тлее
водена артикулација – Сѐ.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се сети на настанот виден во детството; на ножот светкав како влажен рибји стомак; на проѕирниот лак што го остави зад себе проклетиот челик пред да ја пробие ленената кошула; на темната лочка крв која не беше растопен пламен на малини; и на дебелите стакла на жандармеровите очила.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)