Солидно е присутен „духот на починатата СФРЈ“, никако не од носталгични причини туку во обид да се биде конструктивен; имено, слично на Фројд (в. стр. 162 и сетете се на зборовите на Портогеси: „Загубата на сеќавањето, а не култот на сеќавањето, од нас ќе направи заробеници на минатото”) сметаме дека голем дел од причините за сегашните проблеми лежат во неразрешените минати недоразбирања.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Му префрлуваше на починатиот Татко, со тивок, речиси нечуен глас во тажачките, што и тој не ја зел со себе, за да не го живее остатокот од животот без своите чеда.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)