Кога првостепената пресуда се укинува и предметот се враќа на првостепениот суд на повторно судење заради правилно утврдување на фактичката состојба, ќе се наведе во што се состојат недостатоците во утврдувањето на фактичката состојба, односно зошто одредени факти и докази се важни и влијаат врз донесувањето на правилна одлука (чл. 363, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Овој развој, поврзан со оној на етнологијата и на историјата на писмото, нѐ учи дека фонетското писмо, средиштето на големата метафизичка, научна, техничка, економска авантура на Западот, е ограничено во времето и просторот, самото се ограничува токму во оној миг во кој својот закон им го наметнува на културните полиња, единствените кои сѐ уште му се измолкнуваат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Историјата и знаењето, istoria и episteme секогаш биле определувани (не само од страна на етимологијата или философијата) како свиоци на видикот на повторното присвојување на присутноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
По овие наводи на пиротехничарот, првостепениот суд на повторното судење, реши Танаил да му плати на Китан 25% од вкупната штета на куќата - колку што експлозиите влијаеле на оштетувањето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Оваа енклава исто така е местото на кое практиката на научниот јазик однатре и сѐ подлабоко и подлабоко го оспорува идеалот на фонетското писмо и сета негова имплицитна метафизика (метафизиката), т.е. особено философската идеја на episteme; како и онаа на istoria која е длабоко зависна од неа, и покрај раздружувањето или спротиставувањето кое ги упати една на друга во една фаза од нивниот заеднички развиток.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)