Пиктографскиот карактер на многуте симболи е јасен (нпр. птица, риба), додека други не можат да се протолкуваат.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Без да се предвидат сите стапици на многуте животни искушенија, многуте испреплеткани жили на очајот, недоразбирањата, изгубеноста и стравот на споулавеноста пред утрешниот ден, можеше да се верува дека животот е бескраен сончев простор во кој она што живее, дише расте е бесмртност и вечност.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не се знае бројот на продавниците за овие делови, како што не може да се знае и бројот на многуте сервиси и автоработилници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овој проблем ја измачува веќе подолго време и се опира на многуте обиди за негово разрешување.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Деновите ги трошеше седнат во блиската кафеана, што беше обликувана во форма на еден голем филџан за кафе, во чија внатрешност се вртеше, како избезумен, тутунов чад, прикривајќи го видикот на многуте светлечки рекламни паноа и слики, сместени на темните ѕидови, како налепени парчиња смола врз дрвена кора.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Само во куќата на инспекторот вриеше пијана песна на многуте гости.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тие се афирмација на македонската кауза и се виделина на многуте заблуди, непознавања и искривувања на епската борба на македонскиот народ за остварување на национална, социјална и културна слобода и претставуваат битка за вклучување на македонскиот народ во лигата на рамноправните народи во светот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Еми Еми, на 23 години, побара помош во својата борба со anorexia nervosa*.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)