А кој ли жив ќе истрае така да скрие дните во гробен сон, сред тешко ропство и глад и мака да лежи кротко на ладен трон.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Тоа беше поради атмосферата на полињата за хокеј, на ладните туширања и на заедничките походи и, воопшто, на чистоумието што таа го ширеше околу себе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Заедно со бранот размрдан воздух што го предизвика отворањето на вратата, во ќелијата допре и силна смрдеа на ладна пот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во една дупка останата на местото од отпаднат камен, прстите ми застанаа на ладен метал.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)