Ако само ја доведете оваа доктрина во прашање, небаре опасно сте збајале и сте го повикале страшниот злодух на инверзијата, отворајќи ја така вратата низ која може да се врати викторијанската психијатрија, со сите нејзини древни предрасуди за вродената абнормалност и псхопатологија на родовата девијантност на геј-мажите.
Но, сѐ додека се чипчиме за претставата дека гејството може да се сведе на избор на истополов сексуален објект, дека нема никаква врска со тоа како живееме и со она што ни се допаѓа, дека нашата хомосексуалност целосно се обликува пред некако да се изложиме на геј-културата и независно од неа – и сѐ додека се држиме за тоа верување како за некаква догма – сѐ дотогаш издржливоста на геј-културата ќе си остане вечен срам, како и нерешлива аналитичка загатка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Упадливо современиот, тесно исцртан, но, сепак, амбициозно универзализирачки концепт на хомосексуалноста се појавил кога изборот на истополов сексуален објект почнал категорично да се разграничува од обратноста на сексуалната улога и кога почнал да важи, сам по себе, за означител на сексуалната различност.
Темпото на преобразба се засилило по крајот на Втората светска војна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сметам дека привлекувањето на истополови единки се јавува како резултат на некои вонредни изместености. Тие не се ненормални.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)