О, да може да потоне сосе чун на езерското дно и никогаш да не излезе оттаму.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Заодот на сонцето остави вжештен црвен вресок на небото и оѕверен одблесок врз површината на езерската шир.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Поради челичниот одблесок на езерската шир и ненавикнатоста на очите, мракот сѐ повеќе и повеќе се втестуваше.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Гледаа до каде бранчињата го отиснале чунот на езерската шир и дали доволно се избегани од селото каде што понекогаш во утринската тишина ќе ја чуеја камбаната која огласуваше нечија смрт.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тој одново усети дека се лулее на езерски бранови и клепките му се склопија, тешки како налеани со олово.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ја обожава глетката на испарување на езерската шир.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Езерото ја имаше судбината да биде поделено со граница меѓу народи, режими и идеологии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Птиците ја прелетуваа границата, но само на езерските јагули, кои патуваа преку балканските реки и Медитеранот до Саргаското Море на Атланскиот Океан и назад низ новата генерација, не можеа на последното враќање да ја минат границата која луѓето по милиони години им ја испречија на патот со градба на неколку хидроцентрали во Албанија и Македонија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оној кој го избра мракот за да слезе по сокакот (а сокакот потсетуваше на извиткана јагула што ќе ја замати бистрата вода штом ќе го зграби пленот на езерското дно); Оној кој ја избра темнината на мрачниот сокак а не гази по калдрмата додека слегува и потсетува на молитва, на порака, или на нејасен збор од тајна болка; Оној кој го избра мракот и слезе по сокакот на посветеноста гласот ни го подари за да ни биде и поттик, и надеж.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Во самото пристаниште неколку кајчиња од силно лулеење превртени со дното кон небото како отруени риби што на езерската згорнина понекогаш се превртени на плеќи а крлушките им блескаат на сонцето како огледалца со кои првовљубените си праќаат ишарети.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Имаше меѓу нив славни риболовци и ловџии, најдобри познавачи на речиси секое катче на езерската земја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Наоколу е Балканот. Се наоѓаме на езерскиот брег.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сите беа внесени во големиот проект на нивниот учител да ја состават единствената колекција на езерските реликвии, на живите фосили, која како да беше осудена еден ден да исчезне од Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)