Светлината од уличните канделабри, која продираше низ завесата во вид на сончеви зраци низ разиграните лисја на густа шума, играше со сенките на нашите тела на ѕидот што ги формираше светлината од столната ламба.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Знаеше, отпорот на гаменот ќе е страшен; сеќавајќи се на неговите долги раце со тешки шепи, беше сета со Ивана, со неговите бистри, жолти очи покриени со сенка на густи кадри врз челото.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Под сенките на густиот врбјак го поминавме денот и ноќта, по полна месечина ја преминавме границата и стигнавме во Медово каде ја преспавме ноќта.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
За таа работа ги собраа селаните од сите мариовски села и небарем срни бркаат, почна претресувањето на густите борови гори.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Свртувам тука и држам волан по тесниот пат со многу кривини и покриен со сенките на густите и многу стари буки.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Она што го нарекуваме реално и како такво и го примаме и го доживуваме, се оние места, оние криви или испакнатини, кадешто составните делови се на густо поставени и во коишто ги реализираат своите потенцијалности.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)