Мошне рано ги фасцинирала невештата изразна моќ на готските дрворези, Кирхнер укажувал на Дирер и Кранах, репродукцијата на Кранаховата Венера висела во атељето на Кирхнер, а одушевување на младата генерација предизвикувале Изенхајмскиот олтар на Гриневалд и Ел Греко, когошто го „открива” 1910 берлинскиот писател и пријател на Мунк, Јулиус Меер-Греф.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Грчкиот и готскиот алфабет во целост се прекриваат меѓу себе; во готскиот алфабет не постојат дополнителни знаци како во случајот со коптскиот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Отсуството на дополнителни знаци во готското писмо се објаснува со фактот дека специфично готските фонетски вредности се сместени во рамките на грчката алфабетска низа по пат на супституција на некои специфично грчки фонетски значења, кои се одвишни од аспект на готската фонетика.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Како и грчкиот прототип, така и готскиот алфабет содржи 27 букви со веќе напомената бројна вредност, при што последниот 27-ми симбол на готската алфабетска низа, кому во грчкиот му одговара еписемонот сампи, се употребува само во својата бројна вредност 900.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)