на (предл.) - годишен (прид.)

Во мислата да се вратам повторно во Кочани на годишен одмор моментално ме предомисли другарка ми Ило.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ќе одиме, ќе одиме и ние на годишен одмор, еден ден на Маркова. Добра боја се фаќа и таму!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Не е ретко, вели бегу, по собирањето на годишниот бериќет, ќајата на чифчиите да им одзема и од оној дел што ним им припаѓа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Токму затоа постарите домци измислија посебно име за стрикото Лентеноски, го викаа пустиник на годишните времиња.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Правото на годишен одмор до 26 работни дена продолжи да постои, но само ако биде предвидено со колективен договор или индивидуален договор за вработување (чл. 13, ЗИДЗРО/авг.08). в) според ЗРО (1993) породилното отсуство обично траеше девет месеци, а една година во случај да се роди повеќе од едно дете – пр. близнаци, тројка итн. (чл. 58, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во контекст, пак, на должината на годишните одмори, во август 2008, одредбата којашто предвидуваше дека работникот има право на годишен одмор во траење од 20 до 26 работни дена – се замени со формулација според која „работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 дена“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ништовна е каква било спогодба со која работникот би се откажал од правото на годишен одмор или од обесштетувањето за годишниот одмор (чл. 145, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, како еден вид компензација, не знаеме само дали поради грижа на совест на законодавецот, е воведена една друга слична одредба, којашто е порестриктивна vis-à-vis претходната, бидејќи се однесува не на сите видови одмор, туку само на годишниот. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Утврден беше максимален износ до кој правното лице може да исплати регрес на годишен одмор, и тоа најмногу до 60%, а беше предвидена и исплата на најмногу до двократен износ за отпремнина при заминување на работникот во пензија (чл. 12, ЗИПДНД/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Таа без оглед на годишното време си беше пред училиштето, тука, пред куќата на учителот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сето време додека татко ти се мачеше и стенкаше со топлата печка во рацете, ти трчаше околу него, повеќе му смеќаваше одошто да му помогнеш, а кога најпосле големата преселба на годишните времиња беше извршена, се врати од дворот и застана пред татка си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му велиш: „Откако ја изнесе печката во тремот, некој топол ветар шета околу нашата куќа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За време на годишните одмори во судовите од прв степен се извршуваат само т.н. „нужни работи“...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судијата има право на годишен одмор во траење од 26 работни дена (чл. 72, ст.1sq и ст.5 од ЗСуд). 6.  Со денот на отворањето на стечајната постапка договорите за вработување склучени меѓу работникот и работодавецот- должник престануваат [по сила на закон].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)