Уште од времето на Кресненското востание, во кое имаше раководна улога, Стамболов води немилостива борба против секоја манифестација на македонската национална свест и успеа привремено да ги неутрализира и движењето на Т.Гологанов, и Младата македонска книжовна дружина и др. македонски друштва и комитети, па така дојде и до книшката на Вардарски (П.Попарсов) „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници” (1894) што всушност ја претставуваше првата програма на тогаш основаната ТМОРО.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Делот од Србија опфаќал 8 околии со вкупно 348.040 жители или 22,11% од попишаните жители на бановината.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Територијата на Македонија, во рамките на Вардарската бановина била поделена на 29 околии со вкупно 949.958 жители.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)