Тој е херој на безусловната љубов кон животните, бунтовник којшто ќе исчезне со козите во утробата на еден недофатлив рид.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не се однесува буквално на самото мајчинско, но алудира на емоционалната состојба што ја вообличува мајчинското – имено, абјектната состојба на некоја што верува дека нема избор, освен безусловно да сака... додека не ја дотуркаат до самиот раб.
Навистина, ако една од функциите на кампот е да се наврати на сцената на траумата и да ја преодигра таа траума до степен на урнебесна преувеличеност, за да ѝ ја неутрализира болката без да ја одрече, тогаш конкретната драма што ја преодигрува уживањето на кампот во мелодраматичната сцена на судирот мајка-ќерка во Милдред Пирс не е трауматичноста на мајчиното отфрлање, туку трауматичноста на безусловната, неменлива, бескрајна љубов.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)