6. Правосудните анализи на Министерството за правда покажуваат дека во РМ, со оглед на бројот на жители, ако се земе предвид европскиот просек, не треба да има повеќе од 400 судии – додека, пак, кај нас, бројот на судии во моментов е над 630.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Овој пат без присуство на другите – беше без маската на апсурдната претстава, во која претходно ја играше улогата на антиверскиот Јаго.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
За жал, со индигнација можеме да констатираме дека нашите судии – заглавени во калта на корупцијата, непотизмот, кронизмот, политичките притисоци и партиските агенди, немаат ниту сила, ниту знаење, а ниту разборитост да го одбегнат штетниот буквалистички правен позитивизам при толкувањето и примената на законите – кој, како што видовме, некогаш води и до носење на апсурдни пресуди кои влијаат врз цели семејства.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Колку за пример, Бугарија, која е членка на ЕУ и е четирипати поголема од нас по бројот на жители, има вкупно 500 судии.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)