на (предл.) - јаничарство (имн.)

Татко се увери дека можеше да се пишува нова историја за османското време само врз основа на автентичните документи која би имала сосем друг поглед врз озлогласените институции посебно во мотивите во промената на Бога, на јаничарството, но и за позитивните облици на соживот меѓу христијанското и муслиманското население во долговечниот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Големата книга и во овој дел од проектот остануваше незавршена, можеби најмногу поради сложеноста и комплексноста на јаничарството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во неговите мисли беше јасно, барем во однос на континуитетот на власта, дека едниот тоталитаризам минува во друг, при што како константна ја насетуваше институцијата на јаничарството и јаничарите, која си имаше своја историја уште од античките времиња на Балканот, првин со македонската фаланга, па Римската Империја, со преторијанската гарда.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дали тие требаше да се вбројат во редот на интелектуалните јаничари, јаничарите по перо, дали со тоа беше исцрпено значењето на јаничарството, беа прашања коишто не престануваа да го мачат Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)