на (предл.) - јад (имн.)

Се наведнал и не можел да го голтне отровот на јадот што му се собирал лепливо и чемерно околу катниците. Молчел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Хармонијата која владееше, сепак, ја разбиваше црвот на јадот што и кај овој човек оставил јасна трага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Онисифор Проказник ја познал во темницата ситната птичја глава на Јаковата вдовица: да ја каже ли вистината и да го признае ли тогашното свое бессилие да го забрани бесењето?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Очите му беа набабрени, под нив висеа ќесички што видливо раснеа под тежина на јад и неисплакани солзи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Борис Калпак внимателно извлече сламче од грбавиот чкрапец на пушката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)