на (предл.) - јагне (имн.)

Само кога е убав сончев ден убаво се слуша и небескиот ѕвон – последниот отпоздрав на јагнето со ѕвонче околу вратот коешто кондорот го повел на куса прошетка низ вселената, од поблизу да ги види ѕвездите пред да си ја изврши редовната утринска служба научно наречена чешање на мешината по спаструвањето на внатрешноста на телото.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Кметот го зеде јагнето од прислужникот и го постави среде масата, му мрдна со главата на прислужникот да излезе бидејќи беше сиот замастен во устата од штипкањето на јагнето носејќи го од фурната, и почна сам да го черечи јагнето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Воздухот е презаситен од миризба на јагниња што се печат, на риби што се пржат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се спријателиле волкот и јагнето. Блазе му на јагнето...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Притоа најнеобично се чини нејзиното однесување: не нуди никакви извинувања; а и објаснувањата се сосема недоносени.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаеш илјада марифетлаци. Ќе ја изитриш и ќе ја ујдисаш некако работата. Ќе ми поможеш и мене.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да не ги спомнувам и другите трофеи: главите на свињи, на јагниња, па и на телиња; со вџашени очи од кои се ронат солзи како црвени цреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)