на (предл.) - шофершајбна (имн.)

„Како да не паметам“, вели татко ти, "таму сигурно ја поарчив трубата што си ја закачил на шофершајбната.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Педантеријата на моите соседи – млазот од цревото, сунѓерот и л’скањето на шофершајбните.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
- Ај бе не јадете лајна, да не ве закачам на шофершајбна.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Да избегаш од родниот крај и да се населиш у град во кој владеат педери, курви, арамии, ѓубраџии, перачи на шофершајбни, накази и разноразни сисајкури сигурно има дубока фројдовска причина.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Колку различни типови има во оваа професија, помисли, додека пред оголеното теме на таксистот (Гласот баритон / интелектуален лик / по сила – шофер) бришачите рамномерно се поклонуваа ту кон едната, ту кон другата страна на шофершајбната, како да ги подбутнуваа тромавите задници на побавните автомобили.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)