Две жени, една постара и една помлада, убаво облечени, беа целите престрашени, вознемирени, со од земја раскашавени ракавици, фустани и паднати смачкани шапки, од кои помладата викаше од силни болки, а постарата забрзано зборуваше со повишен тон бришејќи ја земјата од ракавите, жалејќи се за невниманието на шоферот на тие нови превозни средства, кои се можеби брзи, ама и многу опасни и затоа сосема непотребни.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Кога ќе собере многу, ќе му ги однесе на шоферот и автобусот ќе биде негов.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Едо, благодарение на шоферите во „Drviver`s Outlet“, почнаа да чактисува по некој англиски збор.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И, што да види: автомобилот стои скоро попречно на калдрмата со отворена врата од страната на шоферот, а позади него настрана падната чеза и коњот кој виси малку подигнат над улицата закачен за неа.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Високиот намршти веѓи. Му се обрати на шоферот: - Ја истрчај и пренеси им ја наредбата да престанат да пеат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)