Но, само да потсетиме дека овде говориме за периодот кога сѐ уште релативно добро се живееше и условите за работа на работниците беа добри, а кршењето работнички права беше поретко и затоа луѓето мислеа дека ним не им е потребен синдикат.2 Познато е дека ССМ, главно, се финансира од уплатата на членарината од страна на своите членови-синдикалци.3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Потоа во ст. 3 од чл. 3 на Законот изречно се забранува дискриминацијата, како и вознемирувањето и сексуалното вознемирување врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на вработувањето и трудот, образованието, науката и спортот, социјалната сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјалната заштита, пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување и здравствената заштита, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, информатичко-комуникациските технологии, одбраната и безбедноста, членувањето и дејствувањето во синдикални организации, политички партии, здруженија на граѓани и фондации, други организации засновани на членство, културата и други области определени со овој или со друг закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со овој процес на намалување на членството пропорционално почна да се намалуваат и приходите од членарината, а со тоа и платите на вработените – односно нивната редовна исплата почна да станува проблем.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)