на (предл.) - чело (имн.)

Од него се сочувани до денес некои поважни објекти, но сепак опстојува како центар на православието на чело со свој Вселенски Патријарх. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На челото е умот (Отецот), значи, со здрав разум, во срцето е црквата, домот на Синот, значи со здраво, чисто срце, десното рамо е силата (Светиот Дух), значи, со цврсти раменици, тој да ни ги крепи рамениците, да бидеме исправени, зашто рамениците ни го крепат целото тело, и на левото рамо кажуваш Амин, нека биде така!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Чудовиштето се доближува, козичката се исправи гордо со роговите, ќе се бори во името на сиот козји род, во името на овие кутри козари слушатели на чело со Чанга, подобро да се бори отколку да ја изгуби слободата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ковавме семожни планови како да ги спасиме нашите кози, на чело со Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козлето, среде нас, бело, на челото со прошарани жолти влакненца што блескаа како сончеви зраци, весело замека. – Козлето е златно! – извикав. – Златно е, златно! – подзедоа сите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој кој стоеше на чело на масите што присуствуваа на мојата егзекуција пред конечно да згаснам, ми се поклони со насмевка и ми ја покажа својата дланка во која што му блесна златен долар – идеологот на нашата иднина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Порано, во еднопартискиот систем, просторијата на кооперацијата си беше секогаш иста, истиот продавач, Тоде Нунко, истите шишиња зејтин, истата сол, истата пипер за в очи, истото сточно, ако го имаше, истите наполитанки “јадро“, истите поличиња, истата паланѕа со истите тегови, сѐ урамнотежено и сите присутни урамнотежени и мирни, секој во себе со прстот на чело, што ќе каже и колку треба да каже, за да се заслужи еден живот што се живее.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Чудни некои времиња се стаиле овде и наоколу врз Балканов валкан а свет на чело со класични руски кловнови и нови балкански клонови та катаден гледаме процесии работнички студентски селски граѓански и поворки погребни што маченици испраќаат - светци незнајни минатото го закопуваат на иднината не мислат оти ја нема а сегашноста горка ко корка сув леб ја грицкаат и чекор по чекор бараат dénouement, dénouement и мантраат: FUCK THE BEST WE’RE THE REST 82 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Уште од вратата на интернатот водот се постројуваше во колона по еден и тргаше тржествено напред. На челото газеше нашиот водник Бане.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Коле стрчна на чело и ни даде знак да се построиме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ама ако не кажите, жими вера, сите ќе избесам тука на јаболкницата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите Анадолци подивеа и почнаа да се дерат, да псујат, да зборуваат неврзани и неразбирливи зборови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аскерот се разви во стрелци, толку густо, што ако се фатеше за рамо, можеше да направи танец од оро, на чело со „танчарот" бимбашијата, а опашката би ја држал Бахтијарпаша. Со пристигањето на десниот фланг бимбашијата издаде заповед за напад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аир ефендум, откај знаеме ние кој го направи, — во еден глас одговорија осумте души одборници на чело со коџабашијата Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Бре што беше, бре како беше, бре што направи јок да се направиш" — го караа Толета другарите, а другите гавази со Ѓузепа на чело веќе го спетлаа со една ортома, на која слугинката на Челебијата си ги сушеше алиштата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Истоветна лузна каква што носеше Тој на челото - ѝ изгреба и на секирата уверен дека лузните нанесени од честа не се грди, па продолжуваше сам низ планината листајќи ја како недочитана книга чиј јазик го разбираше само - Тој.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Имаше голема секира и голема лузна на челото и име кое сите го благословуваа, во големите зими покрај огниште.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А за трошоци не зборувај. Ти да си жив и здрав. Автото се поправа. И ново се купува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Мајка не сака да плаче, синко. Тоа така само си доаѓа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го гледавме занемени: десниот образ сиот модринка, на челото фластер, десната рака во гипсен завој.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Територијата била поделена на воено - административни единици (области) на чело со војводи, велможи и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сигурно не сакаше арогантни ликови, а него дури и на чело му се читаше дека е токму таков.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Што ли прави сега таа? Таа ќе му ја ставеше раката на челото, ќе го допреше со образите, со усните.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа ја раскина кошулата и ја врза раната на челото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На чело одеше Крстан. Тој беше облечен во градски алишта, со жолти чевли, со каскет на глава, а на елечето сјаеше синџирче.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Мило мое - ти многу си настинал!“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само му се присенуваше точката, модра а веќе црна, на челото на Нако, токму меѓу веѓите, небаре вампирски мур, а не наречнички предрек, како од навидум случаен, а всушност прицелен истрел, од куршум не однадвор ами одвнатре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Раководителот, со вграден рефлектор на челото како рударски инженер, киклопски ја најде соодветната преграда и од картотеката го извлече кофчегот, всушност носилката на Брза помош.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стрмнината преку Гола Глава Бојан, речиси, ја искачи без капка пот на челото, без каков и да е знак на замор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
2. Најдобар начин да успееш во политиката е да најдеш толпа народ што оди некаде и да застанеш на чело.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Што признава овој заумен белег на челото, на коската, ова изгаснато огниште, овој избледен ракопис на нечија мисла, Што сака да каже овој скаменет глас?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Преку нив, преку субашите ги поучија другите како да се одбранат од данокот во крв - на новородените да им врежуваат крстови на скришни места, под мишките, или направо на челата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И Турците се острелушија; се уплашија дека ајдутите навистина можеле ноќеска, несетени од никого, да се префрлат преку авлиите на чифлизите, па и тие, на чело на своите раетини, се дадоа во потера.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На Мусли бег и пазувите и папокот му се наполнија со пот; грашки пот му избија на челото, на лицето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И, навистина Фаик Коница живееше друг живот во Бостон, каде што застана на чело на албанската дијаспора во Америка, го издаваше весникот „Дијели”, потоа во Вашингтон каде што долги години беше амбасадор на Албанија на чело со кралот Зогу.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако ја толкуваше попродлабочено спро­тив­ста­веноста на книгите на сталинизмот кон светите книги, стануваше јасно дека, но кој тоа тогаш да го разбе­ре, овој распоред можеше да се чита и како клуч – за од­носот на Сталин кон религијата во нашата земја без враќање, односно за замената на религијата со идеологијата од комунистичката партија на чело со Енвер Хоџа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во почетоците се жртвува­ло сѐ што го опкружувало човекот, па потоа и самиот чо­век, деца и животни, со жртвениот јарец на чело...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како ќе живеевме ако ни се испишуваа тие помисли на челата или на лицата штом ќе ни се јавеа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите грдости и убавини не им се запишани на челото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Спомнав некои моменти од заминувањето на мајка ми кон планината што можеби нѐ приближуваат кон нејзината патека на вистината, но сепак никогаш не сфатив кон кого беше упатен оној нејзин прекор, (за грдотиите и убавините на животот) и тоа изречен толку отсутно, без секаква врска со претходните размисли.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Луција стоеше во стројот и чекаше да ѝ дојде редот; јас со поглед го барав Земанек, го молев, го проколнував да му се случи нешто, да го удри инфаркт, да падне, гром да му отепа мува на челото, што и да му се случи, во краен случај да му се оди по надвор, само да замине и да ме постави мене на неговото место, како заменик, оти стројот брзо се движеше и Луција сѐ поблиску доаѓаше до него, до Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го гледав: беше речиси неизменет, како да не стареел, како да немал време да го направи тоа; само брчките на челото му беа некако поистакнати, како некој запис да имаше на челото, господин судија, како да е тоа линија на животот што наместо на дланка, кај него се преселила на челото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Над мене стоеше Земанек; јас лежев, ми ставаа ладни облоги на челото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Есента во 1999 година, половина година пред да ми дојде пребистрата идеја да предавам предмет за машката хомосексуалност како културна практика, дошол на чело на мичигенскиот огранок на АФА.33
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кревката млада кожа, оптегната преку черепот, почна брзо да се брчка, на челото му се појавија првите оросени бразди, несвојствени за неговите триесет и пет години, предвесници на староста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Еден ден со братучед ми Коте, си рековме доста ни е веќе од оваа добрина за која афежитките на чело со некоја си Вера, како главна, зборуваа во Герман и по сите други села и решивме: се враќаме во Герман.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Групата на Мерџанов добила материјална помош од Сарафов, кога тој бил на чело на Комитетот, а гемиџиите - подоцна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во значителна мера компромитиран, Сарафов не можел да остане повеќе на чело на Врховниот комитет.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Всушност, се покажало дека уште пред формирањето на Сарафовиот комитет, офицерите замешани во комитетските работи, на чело со генерал Иван Цончев, тајно од Делчев и Ѓорче Петров, зеле решение да работат за преземање на Македонската револуционерна организација и на нејзиниот ЦК од офицери, а кога ќе се постигнело тоа, Цончев требало да си даде оставка во бугарската армија за да го преземе претседателството на Врховниот комитет и да крева востание во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гарванов бил задолжен да им ги предочи на гемиџиите следниве аргументи: востанието што требало да се дигне ќе пропадне ако на чело на востаниците не застане интелигенцијата како раководител.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По доаѓањето на чело на ЦК на МРО, Гарванов не можел да дозволи толку авторитетни лица, коишто не само што ја претставувале Организацијата, туку во тие моменти ги зеле во свои раце и функциите на уапсениот ЦК, и всушност раководеле со неа, да останат на тоа место, и ги замениле.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од тој род сум и јас и мојата сестра на која, кога наполни 14 години, на челото ѝ се појави црвена дамка, и почна да пее чудни песни низ кои, оние што ја слушаа, гледаа зелени долини, високи планини, чудни храмови и зданија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Алајко и Мире застанаа скаменети. Слушаа и во миг со гордост, ги стегнаа десните раце во тупаници, ги кренаа на челото како поздрав, небаре ја слушнаа државната химна или звуците на Интернационалата...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Качен на највисокото дрво, седнат скрснозе во највисокото гнездо, на челото со едра светулка, во миг ќе свикаше со занес и со горделивост: „Ова на челото е дијамантот од турбанот на дедо, а ова сум јас, златно клуче, златно клуче за сребрен катинар, јас сум пергамент, јас сум тркалезна буква, уште неодгатната“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сѐ до она утро кога повеќе не можеше да стане од креветот, а докторите неколку дена потоа му дијагностицираа милијарна туберкулоза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашата загриженост за неговото здравје сѐ повеќе раснеше, и не забележувавме дека Хајнерле од ден на ден сѐ повеќе слабее, температурата на челото ја сметавме за дел од возбудата заради промената на средината, кашлањата за дел од настинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но овој пат таа нема да има други цели, туку преку добиената културна автономија за Македонија да ја јакне македонската индивидуалност, преку создавање македонски културно-просветни установи на македонски јазик и создавање македонска самостојна црква на чело со македонски патријарх.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
58. Се однесува за членовите на ТМОК во С.Петербург, на чело со Христо Шалдев, кои, по интригите на последниов, добија дури и директивна поддршка дури и од ЦК на ТМОРО (на чело со Бугаринот Ив.Гарванов).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
103. Се работи за отцепничкиот ВМОК на чело со Хр.Станишев што во извесна смисла се поддржуваше и од ЦК на ТМОРО.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со вешто исплетени дезинформации, преку некои македонски орудија во рацете на бугарската пропаганда, ТМОРО беше свртена не само против Мисирков, туку и против целото ова движење што го раководеше МНЛД на чело со Д.Д.Чуповски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
143. Стефан Немања (ок. 1168-1196) е велик жупан на Рашка и обединувач на средновековната српска држава на чело со династијата на Немањиќевците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
63. Како и на други места во книгата, Мисирков и овде му ги припишува на бугарскиот народ „глупостите“ што всушност ги правеле неговите претставници од разни партии и влади, на чело со кнезот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Браздите на челото од домаќинот како годови ги покажуваа неговите зрели години, но две вертикални бразди токму на челото покажуваа нешто сосема друго.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој стана, го извлече пешкирот под перницата, го натопи со вода и му го стави на челото. - Треба да подремнеш. Моите брборења те растроија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Еда, клај крст на чело оти останав, и велам, со едно мечиште вака, колку со тебе наблиску се сретнавме, ба му газникот, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гледаме едно дупче му подбелува на челото. Уште крв не му потекло.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И на магарето му намачкав и на кучето. Така, по едно ронче на челото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Горица само се тегави, приплакува, а мене окото ми игра, ми се качува клепката на чело, ќе ми излета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После и него го лавна кучката. Го најдоа со дупка на челото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Доце Срменков го гледал како ја влече по себе двоколката со торби, кожи и черги и се здржувал да не се прекрсти: човекот со крвави крпи на челото и со белег на сувото лице ќе му личел и со епитрафил на безбожник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зачекори. Станав и појдов по него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Утре и другите ќе ти свртат грб и ќе те остават сам да го бараш Лесново по беспатицава.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да стасува од друг свет, од зад некоја граница до која нивните мисли ни во најсветлите мигови не ќе најдат пат, низ ветрот се пробил танок писок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Им се сторило дека онде кај што нема умирања ни животот нема целосно значење - дури и од пепелта на шумските огнови никнуваат сипаничави печурки- смрчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го видов со белег од нож на челото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш гласот му станал памучен и топол, скоро приспивен во помирливоста, и тој можел со својот јазик со кој минал преку испукнатоста на горната усна да го собере сиот пелин и јад од човечките срца во едно чинослужење од кое водовриките стануваат златножитни рамнини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го заборавиле видовитиот Дмитар-Пејко и не виделе кога над него клекнал Онисифор Мечкојад, барајки му ја со смрзнатите прсти на левата рака жилата на челото, обајцата со исти зборови на усните како и другите - господи, не заборавај нѐ!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе се бранам со секира. Зошто ви се вам нови мртовци со дупка на челото?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа биле поцрнети и исушени луѓе со опаки очи и без насмевка; некои од нив, со завиткани шамии и крпи околу главите и рацете како воскреснати чкулави Лазари што знаат дека само двапати се живее, се сеќавале на вчерашниот живот и на мракот во тој живот потежок и од умирачката, на тоа химерно џвало на кое ни стробјак ни џуџе не му бега, но светлоста на утрото обилно доаѓала од исток и ги бришела од очите на призраците суровите сеќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги заборавив и ноќните злодејства заради кои луѓето ги обземаше вражда дури и кон најблискиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Главите на воловите имале на челата човечки грижи и, една зад друга, потсетувале на ред измитарени султани и паши во рамки, биле подјармени старчиња чии богатства, слави и моќи се слеале во кобна точка од која, пред да воздивнеш, ќе шурне црна вода и ќе ги поклопи сонливи и некогашни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лицето, глуво и слепо, му останало отсутно за извикот на болниот, за неговата премаленост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го почувствувал студенилото на долгата пушка, воздивнал влакнест како овен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднакви, со спуштени раце и наведнати глави, биле повеќе зафатени со себеси отколку со она што се случувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го видов сирото воле со бела дамка на челото. Лежеше на слабина и збревташе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Чекај. Онисифор Мечкојад е злодеј зашто отиде со исечена жила на челото, затоа, нели?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неколцина што не знаеле дека Онисифор Мечкојад лежи на земја со пресечена жила на челото, веднаш ѝ се придружиле на гајдата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад во тие мигови чувствувал дека нешто однатре го присилува да се исповеда некому, да бара воздишка на разбирање и збор што ќе го утеши здрвен и со болка во петиците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред тоа минувале еден по друг крај старчето спружено на веленце врз сено на разнишан колесник со две тркала, сите со поглед кон ситното лице до очи завиткано во шамија под која, кога ќе ја поткренел ветар, се појавувала врз расечената жила на челото мала темна месечина со капка крв без вистинска боја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога размислувал, пребрзо остарувал: господи, лежи сега под две топли јамболии жена му Фросина и го мисли или го сонува, децата спијат стиснати еднододруго, тлее жар во огништето, трча околу куќата црноглав пес - тој овде е мртов и судија на мртовец со зла крв во жилата на челото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ќе го видеше човек како шета со рацете в џеб, со кренати раменици, смуртен, со паларијата наклапушена на чело, ќе си помислеше дека човеков е страшно огорчен на животот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја префаќа кралицата, ја издигнува во височината на челото и очите и мене ми кажува: кај најдов да се родам во ова проклето време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И вртат со муцките под опашката, се касаат, го бараат редот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бигорот што му го беа оставиле овие мисли и ова страдање можеше да се насети по зграгорениот, вџасен поглед на неговите светли, продорни очи, по бледото, испиено лице, по предвреме побелената разбушавена брада.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Помеѓу нив се, меѓу останатите, и економистот Милтон Фридмен (Milton Friedman) и писателот Виљем Бакли (William F. Buckley, Jr.), исто како и бившите и сегашни политичари, како што се се градоначалникот на Балтимор (Baltimore) Курт Смок (Kurt Schmoke), бившиот државен канцелар Џорџ Шулц (George Shultz) и федералниот судија Роберт Свит (Robert Sweet).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некои личности како што се Вилијем Бенет (William Bennet), кој своевремено се наоѓаше на чело на кампањата против дрога, ги обвинија „интелектуалците“ поради тоа што воопшто и го покренуваат прашањето за легализација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Неговата сиромаштија се браздеше на челото и капеше во капки пот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ништо. Само се виде двапати себеси во ледените зеници, се виде во невидени размери, во зелен џакет, со зелено лице и зелена маска на челото.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И на докторот со влажна коса на чело, на студениот пламен во неговите горди ноздри.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со подигнати крагни на капутите, шеширите на чело...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Зарем нејзиниот постар син Ариф не го знаеше францускиот јазик и не ги познаваше добро француските војници на чело со командантот на воената територија на Подградец, припоена на тогашната Република Корча, а зарем тие не му ветија еден ден, кога ќе заврши војната да го прифатат на студии во Франција? Зарем не му беше ветена иднината?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го сретнав во градината кога замислено шетав пред да заминам во претседателската палата за да му ја предадам пораката на претседателот Бен Али со која југословенското претседателство го признаваше новиот режим на чело со него.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Југославија ја признава новата власт, на чело со Бен Али.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Месади беше душата на напредниот бургибизам. На крајот застана на чело на тунискиот парламент.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но пред да пламне граѓанската војна во Либан и откако ги истераа Палестинците на чело со Арафат на кафеанчето му беше променето името во Либански рај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со знамиња. Со тробојката на чело. И со химната Еј, Словени која се извиваше во тишината. А не бевме сите Словени.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Израелците, на чело со Менахем Бегин, Ицак Шамир и Шимон Перез ги одолговлекуваа малите чекори во преговорите со Американците. До летото 1990 година преовладуваше status quo.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јасер Арафат со својата мировна фаза ќе верува во спектакуларен успех, за многумина тој беше престанал со самоубиствената стратегија која дотогаш го обележуваше неговото владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој ја провоцира втората Интифада во септември 2000 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во храмот Света Софија, на чии ѕидови запрела светоста, летот на синиот ангел, како симбол на човековото вечнеење меѓу земјата и небото, потоа на поетскиот мост на излезот на реката Дрим од Охридското Езеро, на пат кон морињата на светот во далечната 1978 година се славеше враќањето од егзил на големиот шпански поет Рафаел Алберти, но и другото враќање од егзил на палестинските поети на чело со нивниот бард Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во доцните августовски денови, кога бреговите на Езерото се чудесно обележани од најубавите сончеви залези во светот, поети од светот бараат место во вечниот Парнас, само еден од нив доживува вистинска конгрегација, станува добитник на златен поетски Венец, а во катедралната црква Света Софија, му се приредува поетска вечер, како колективна молитва на поетската вистина на планетата Земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се отвора патот на враќањето на десницата на власт на чело со Шарон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Раизе, пријателе, ова кафеанче некогаш се викало Нептун, според богот на морињата! - Отсекогаш кафеанчето се викало Нептун!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Верските заедници биле поделени на верници и неверници во следните милети: муслимански милет, рум-милет (источноправославен на чело со Цариградската патријаршија), франкискиот милет (за сите католици), ерменско-георгијански милет, милет на Ерменци католици и еврејски милет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По падот на Византија, султанот Мехмед II, најпрвин го признал рум-милетот кој ги опфаќал православните христијани, како што биле: Грците, Бугарите, Србите, Албанците, Македонците, Власите и другите православни народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште ли спиете, стари паразити, додека ние работиме? рече момчето со титовка на чело од колоната.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иако од болката му изби пот на челото, најлошо од сѐ беше стравот дека 'рбетот само што не му пукнал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја стави раката на челото и ги притисна малку слепоочниците, како да се обидува да се сети на нешто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога го допрев со дланката на челото, видов дека гори.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Плус, може лесно да полудат ако целава ситуација не е проследена со широки осмеси од вработените на чело со менаџерот.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Попот се поздрави со мудурот и другите Турци, му направија место на чело на софрата, на која веќе беше поставена и една погача ненакршена, саани со есенско сирење, а дедот Петко си го држеше пагурчето готов да го благослови идниот брак. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Купена младина изигрува бунт кај чичко Сорос седнува в скут црвени буржуи полни со пара знамиња веат со Чегевара Масони демнат чип да ни стават ренген на улица на глава да прават болести нови наскоро следат на чело рогови нас да ни зденат „Божји“ главатари мерцедес возат пред нив сиромашни во црквите просат целата нација во духовен колапс Господе и правдата преживува пораз
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Настана детска пискотница, старски молби, плачки, пцости, физички напади и расправии, но откаде паднаа неколку старци од јатаганите на семејните, децата беа собрани и со кадијата на чело, одведени и затворени во еден конак, а старците си заплакаа и си отидоа во своите села да им ја однесат тажната новина на мајките и татковците од пленетите деца.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– А-А-А-А! ОВАА НЕ ЈА БИВА ВАКА – се замислија повидните луѓе од сите мариовски села на чело со земскиот кмет Димитрија Сталев и почнаа да мислат како да ја избегнат опасноста: со спогодба – покорност – или одбрана.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата се наврати нешто во кадилакот и кога погледна преку прозорецот и ги виде селаните на чело со добро познатите нивни водачи поп Јаков, Димитрија и други што беа пред две-три недели кај него, јасно му стана дека не идат олку луѓе кај него за арно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Трајко седна на чело на трпезата, го прифати пагурчето од Велика, ја симна капата, се прекрсти и им се заблагодари на другарите и на господа што му го спасија грабнатото чедо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Скопскиот беглер-бег беше и паша – командант на скопскиот гарнизон, та нареди, еден табур од двеста души платена редовна војска да тргне во оваа експедиција, а во Кавадарци го пречекаа и му се придружија тиквешките бегови на чело со Јашар-бег со петстотини свои луѓе и уште толку башибозук, собран по целата Тиквешија за пљачка по Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
1. Не гасне светлината на тој гласот да го запрета свој во молк што треба пред големото зло од друго зло што иде во мугрите на виделото Тоа што сенката од нив да му ја изгони сака Сега е веќе мигот да се замине што повикува со стариот копнеж на битието во трепетот на крвта Будната роса на челото светлината на утрото ја позема пат правејќи низ мракот Вика гороцветот со муграта во пазувите
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Јунаците на првиот Мајкин бал, во 1939 година, на чело со грофот Чано, тогашен министер за надворешни работи, ја нападнаа родната земја на Мајка. Нејзината родна земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Додека низ дворот растрчува ангелот бос Сакам да ти втиснам на челото белег.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Кажи: задоволството е во занесот по зборовите, не самите зборови: кога сѐ е речено, недоречено кога зборувањето е пасија, од по жица по тенок мраз, скок над гротло ; кога се разбираме молкум, со поглед, со мимика, со гест со крстот на чело; кога се разбираме наспроти зборовите со интонацијата, со бојата на гласот; кога ситуацијата е дел од разговорот;
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ха, не песна, пцост, крвава пцост и јама на чело. И плач на ветар.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Душевниот грч му се одрази во грчот на челото а од тоа тој веќе не изгледаше млад.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред сѐ, во Германија не победи револуцијата, туку, особено во рамките на пруското кралство со апсолутистичкиот монарх на чело – феудалната класа сѐ уште имаше значително привилегирана положба, а младата германска граѓанска класа си беше извојувала далеку помалку одошто онаа во Франција.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Имаше во тие тешки сталински денови, кога со интелектуалците лесно можеше да се пресмета штотуку создадената работничка класа со неуките, ограничени секретари на чело, една тивка, ненаметлива, но сеприсутна солидарност од сите страни со Игора Лозински, со неговото дело и со мисијата на Цветана Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во спротивниот агол маса со две клупи од страните и стол на чело.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во Мартовските демонстрации во Белград, тој беше на чело на една поворка, го носеше знамето и викаше: - Поарно „рат“, отколку пакт! Поарно в гроб отколку роб!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Бригадата слегуваше од Караорман. На чело со знаменосецот, бригадата влезе во селото Мацково. Знаменосецот сега беше мацковчанчето Трајче!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Целата бригада се построи. На чело со знаменосецот Трајче со марш и песна бригадата тргна...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ја кладе раката на челото и погледна нагоре.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А она нејзино триумфално влегување во ослободеното градче, качена на бел коњ, на чело на партизанската единица, селаните го прокоментирале со поругата: Слушнавте, носот ѝ паднал, ама не слегла од коњот да си го земе?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Чуварот на шумите над Врановци, Климе Саздов, дојде во Манастирот со џумка на челото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Командуваше и маршираа: архитектот Божинов на чело на колоната а нејзиниот Томислав по него, последен во јуначкиот строј.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Навистина, наше Маре е една од најличните; веројатно ширела убаво чувство додека го јавала белиот коњ - беше рекол еден од селаните заборавајќи ги коментарите што ги изрече час порано во врска со заечката нога. – Таква убавица да клајш на чело на колоната е најголемата пофалба на победата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Перса ја фати за рамена, ја повлече кон себе силно ја целува на челото!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ами Михајло? Тој не те клава на газот, ми вели, а ти го бараш за на чело.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На Петрис уште повеќе му се собираат наборите на челото и му се кинат небаре бранчиња вода што се кинат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Многу си умен, вели еден од војниците, ти фали само дупка на челото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ги замазнувам кркмите што ми паѓаат на челото и наеднаш нешто ми се преметнува во огледалото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно перче коса му паднало на челото ко пискул.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На овој обид на Константин Фотиќ реагирал Обединетиот одбор на Американците од југословенско потекло, кој на 26 април 1944 година упатил протестно писмо до Редакцијата на весникот „Њујорк тајмс“, изразувајќи притоа чудење зошто такви сериозни весници како „Њујорк тајмс“ и „Њујорк Хералд трибјун“ отстапуваат простор на своите страници за мистификациите во врска со Дража Михаиловиќ, упатени од членовите на реакционерната Југословенска влада во емиграција, на чело со нејзиниот претставник во САД, амбасадорот Константин Фотиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во протестното писмо посебно се нагласило дека интервјуто е објавено во време кога вистината за Југославија станала позната во светот и кога британскиот премиер Винстон Черчил ги величел успесите на југословенските партизани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
БОГДАН: (го носи под мишка Пијаниот. Овој је раскрвавен на челото и се порева).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Тој од паричникот извади илјадарка, плукна токму таму кајшто беше ликот на кралот, му ја залепи на чело на Дуро, стариот кларинетист и му рече: - Бајрачето, свири го „бајрачето“!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таму, некаде на челото, на острата удолница некој се сопна, се слизна, падна, испушти носилка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога нивната колона се изви по патот што водеше в град, Мече одеше на чело со освоеното знаме, кое што весело се развеваше над гордите младински глави.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
На челото твое глеј, желби се бројат, во срцето врело рој желби се ројат: - Да пораснеш голем, да надраснеш џин, на мама, на тато да си свиден син.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кога ние се појавивме на сцената, научната фантастика беше толку изнемоштена што ни беше мошне лесно да дојдеме на чело...
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мајка ти, ако не се лажам, купи неколку такви точки за тебе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа им го кажав тогаш и на твоите родители и им реков дека само кога би носела точка на челото, вие двете би биле како близначки.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)