на (предл.) - челад (имн.)

Ама човекот сака да се удоми, куќата утре да си а отвори, па не е ни престарен на челад да не мисли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа се навали на веленцето што го стави како возглавница и ѝ се пристори дека е дома во глуво доба, крај своето огниште во кое сигурно сѐ уште тлеат жарчињата што ги покри со спуза; ѝ се пристори дека е во шарената гостинска одаја во која го распосла излитеното веленце и мисли на своите рожби и на челадта од рожбите свои кои израснаа на ова веленце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)