На самоти почеток одвај чујно, речи си срамежливо, тивко како лесно треперење на крилја на вилино коњче, едната јa гони другата и се нижи во синџир, а во него - студените кладенци каде моми студена вода налеваат, прстенот меновник, долгите години на чекање, високите чардаци, белата пченица и деветте гулаби што високо над ширно поле летаат, јадовите момини и либето кое под прозорец, пред порти, под чардак чека...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Змијовидните јажиња го одредуват правецот на чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
По толку време – си седи поштарот сам, Прета, копка нешто со бастумот пред него, Ѝ шепти нешто на земјата, И гледа една тажна жена осамена на прозорец, И се мачи да го одгатне раописот на животот, Избледеното писмо на чекањето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Јас во тој период во Скопје работев во Македонската авиокомпанија и имав право на карти со голем попуст, но на листа на чекање.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
А основни генералии, секако, мојата секретарка ќе им земе при прием на листа на чекање, па ако треба и ќе постојам пред капија, да чујам се караат ли дење, офкаат ли ноќе, тепаат ли деца и како им се насадени овошките низ дворот, па кога ќе дојдат на ред, од врата ќе паднам во транс: „Имаш дуња во дворот или воденики на балкон“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Стрела беше крај него, со крената глава, спрчнати уши, споделувајќи ја со својот господар неизвесноста и безнадежноста на чекањето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но, тогаш сѐ уште не беше заборавил на чекањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
X. На чекањето заборави уште следниот ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше тука повеќе од дваесетина дена, иако не беше во состојба да ги преброи точно сите оние безлични денови на чекањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Време на клетви, кодошења и измами. Време на колнења, на чекање.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ни остана, чедо, ни остана голиот живот, болката, маката, чемерот, оболената душа и мачната надеж на чекањето... и овие раце и рамената... со кои станавме дел од бурата што надоаѓаше сѐ побучна и пострашна...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не го гледам но добро го знам Тоа испотено чело на копнежот: едноличен регистар од сувата кашлица на чекањето со две ладни ѕвезди во очите.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Гранката на чекањето мое не ќе шуми по средбата наша.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Ноќва е ваза длабока без сон каде ’рти цвеќето на немирот И јас немам раце да ја скршам на белото кладенче на денот Немам очи да ја ослепам со жолтите плодој на чекањето Имам само една добра песна што го кроти просторот непроспиен Песна добра како кроток кавал што го чува стадото на надите
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)