на (предл.) - чардак (имн.)

- Види... на чардакот, ова се неговите чорапи, се сеќавам, кога ме допираше..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Веста стигна и до нашето семејство. – Каков попис сега, пустината, па не заврши ли пописот есеноска? – се прашуваше мајка ми гласно оставајќи го плеталото крај себе, на чардакот, седната до татко ми кој прелистуваше некаква стара книга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој бавно ја оставаше книгата, ги извади очилата и пред да стигне да ги коментира мајчините зборови, на чардакот забрзано влезе брат ми партиец и од далеку извика: – Попис, попис на сите кози, наредба од високото партиско раководство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Веста на најстариот брат за пописот го собра сето семејство на чардакот. – Попис на козите, ја прекина мајка ми прва тишината – не ќе е на арно! – Тие сакаат да видат колку кози имаме па ножот! – рече еден од постарите браќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пописната комисија ја срети мајка ми кога ги навадуваше цвеќињата во градината со вода од бунарот. Брзо ги воведе на чардакот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ноќта еднаш или двапати излегов на чардакот, но брзо се враќав назад, тргајќи се од полната месечина, уплашен да не ги осветли таа јасно контурите на мојата бојазан.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Станав и постојав простум на чардакот. Ниту гласови, ниту ѕвон.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ни ја скинаа водата“, рече кога излегов полуоблечен на чардакот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога дојде редот за постилање, Мише извади нова рогузина, нови покрови и нова перница и му посла на Толета на чардакот над земник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На чардакот се слушаше смев, висок разговор, а потоа ѕвекна Сивевата тамбура на две жици. Со неа Јован го развеселуваше друштвото, поправо ја отвараше веселбата. Не знаеше да свири убаво како колџијата Сула или како шура му Тошета, но редот го носеше, како домаќин, прв да почне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На чардакот, боса по алови чорапи, во нова алова мариовска носија, со срмени кистови, скопци, павти, решмиња и гушниче од петолирки, ги служеше Сивевите гости убавата Велика Бендерова, чиј што маж, Митре Бендеров, беше вечен момок кај Сивета, заради нејзината младост и убавина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кулата од Јована Сивев светеше и на чардакот седеа околу масата чорбаџијата Сиве, шура му Тоше Нале, зет му Митре Најдов, даскалот Димо Гулушов, битолскиот чорбаџија Данабаш и стариот Арсланбеј мудурот од Витолиште, со еден заптија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јован се здрви на место кога ги виде оѕверените лица на двајцата џинови, но пак го зеде на шега, па проговори: — Ајде, ајде, повелете да се напиеме, та оставете а шаката! — и се заврте кон гостите, кои, тукушто се прибраа од песната и свирката и почнаа да гледаат што се прави на чардакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се качија на чардакот - сите се пособраа и им направија најнасреде место во големата приемна одаја...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Откако го испразни карванот, домарот помагајќи му во носењето на ногалките, а тој преместувајќи ги летвите час на рамо а час под мишка, Гого го праша дали може да слика на чардакот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Влеговме сите в куќи. Татко запре пред прозорецот на чардакот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
1 На чардакот месечев на Сува Река жени и снег, жени и мрак. Наутро по карпите ползеше на змиите везилото од отров.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ќе истече денот како Сува Река Ќе зјае ноќта на чардакот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
На чардакот стави им да вечераат. (Ана излегува).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Беќар сум, сакам да се женам. (Општо смеење, и внатре и кај жетварките на чардакот.) КАТА: Море Анѓеле, чудо не те нашло, што си се отворил олку да зборуваш?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Го пренесе мајката, накитен сиот во злато, на чардак - резбарско дело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Стопаните на Имотот, возрасните, беа собрани на чардакот, гледаше на запад, во сонцето; мажите редеа некакви дрвца, различни фигури, на ишарана табла, а жените везеа на ѓерѓев, додека децата нивни растрчуваа низ дворот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Започнаа луѓето од лично полично да ги закопуваат умрените: на секој погреб свиреше музика; кога ќе писнеше таа, кога ќе зајачеше тажно, целото село излегуваше надвор: застануваа луѓето на плотовите, на чардаците, на портите и слушаа, слушаа олцкајќи и бришејќи ги очите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Дајте ѝ од овие тревје да се напие”, покажа Полин на китката обесена на чардакот што отпорано му ја даде на Профима и си замина дома на чардакот да си го пече лицето на сонцето, спокоен како ништо да не се случило.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе се изјазам по стеблото на лозницата на чардакот, а таа горе чека, потреперува како лист од трепетлика, по кошула, на градите грее месечина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сред тие зборови, се надава мајка на чардакот и го викнува татка за ручек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чинам излези на чардак и гледај, гледај надвор, под куќата, ама ништо да ми засенее, да ми се преметне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Им послав на децата. Им ја фрлив рогузината на чардакот, и така им седам, долу, кај нозете, стрежам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јон зел паурче ракија и излегол на чардакот. Пие ракија и вика, развикува. Сите да чујат. Да ме гледаат. Нетокму човек, извртен наопаку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас се нишам горе, на чардакот, ко ветка, а долу, в пондила, рикаат кравата и магарето. Рикаат тажно, речиси плачат, ко луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе стојам, стојам над него, па ќе излезам на чардак.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слушам: надвор нешто тропа, бучи, баботи. Излегувам на чардак и што ќе видам!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Излегов на чардакот и во теравење го видов Арсо Арнаутче под кривото дрво.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Носејќи ја сета бучава на својата крв в глава, сличен на подвижна карпа над која господари моќ на несопирлива вода, гледал само пред себе и сепак со секој чекор чиниш барал и каменот да му се истави од пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со една голтка го смирив огнот во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
– Баш ме интересира, – велам – дали овде функционира водоводот? – Не знам – вели. – Оди право кон бифето. Јас по неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Седам горе како на чардак и не гледам ни бела мачка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Климент Камилски, откако забележа дека момчето доволно се оддалечило и не може да го слушне, подавајќи ја главата од прозорецот на чардакот извика: Комунистички мангупи!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најдоброто мезе се гости со ракија или рујно вино на чардакот кога душата ти сака, а Бог не се противи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски свечено објави дека конечно нивниот бој со османските заемки во кој немало ниту победници ниту поразени е завршен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така препуштајќи се на тишината на медитацијата од прозорецот на чардакот го забележа како забрзано чекореше по калдрмата Климент Камилски, држејќи го куферчето со кое последниот пат патуваше во Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Триве последни заемки најчесто се употребувале за означување вид денешни плакари, вѕидани долапи, рафтови слично, а дел од нив се и во денешна употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И додека Татко и Камилски се договараа за последните работи околу конечното составување на листата на заемките на чардакот, влезе Мајка со госпоѓата Камилска да ги поканат работливите сопрузи на подготвениот ручек во бавчата со ориентални јадења во бавчата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги собираа одделно речниците на зачестените средби на чардакот пред Татковата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски запре пред подотворениот голем прозорец на чардакот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова како да му беше првото предавање пред заедничкиот универзитет на чардакот со Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Обично кога влегуваше во својата библиотека, застанат првин крај отворениот прозорец на чардакот, ја вдишуваше свежината на воздухот која идеше од модрите води на блиската река и густите врбјаци на самиот брег, потем стапуваше во својата библиотека, за со погледот кој шеташе од рафт до рафт мило да ги погали книгите, како свои верни чеда, кои постоеја за да ги штитат неговите вистински чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски брзо се оттргна од мислата за тврдината и поранешните дискусии со Татко за неа и се врати кон преостанатите зборови како: диван, диванхане, претсобје, ходник, но и голема приемна просторија со убав изглед, обично на горниот кат од куќата (од персиски divanhane), пармак, пармаци, дрвена ограда, на чардакот или на басамаците, направена од тенки летви (од турски parmak, paramaklik); басамак, басамаци (од турски basamak); мердивен, подвижна скала (од персиски merdiven); сандак, порано овој збор бил употребуван за означување вид сандак во кој се чувале алишта и особено невестинското руво, обично се изработувале и украсувале во разни шари, а денес со овој збор се означуваат сандаци направени за разна намена, особено како војнички сандак (турски sandik) и перваз (персиски pervaz), означуваат дрвена конструкција на прозорците и вратите; dolap (од персиски dolap); серген (од турски sergen); мусандра (од турски musandira).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
59. МИЛЕТ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко на чардакот со нетрпение го очекуваше Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко во мигот не одговори туку појде кон рафтот на библиотеката на чардакот на кој беа наредени речниците, го извади толковниот француски речник на Литре, започна да прелистува, запирајќи на зборот janissaire, прочита за неговото фигуративно значење: Il se dit, en mauvais part, des satellites d` une autorit quelconque.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се тргна од пред згуснатоста на дождот. Се најде на чардакот од манастирскиот конак и ја крена иконата кон северното небо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Питропот Андреа вадеше од огништето запалени гламни, излегуваше на чардакот од куќата и ги фрлаше во водата за да запре дождот; цврчеше жарта, пиштеше пареа; го превртуваше ничкум секој сад што го имаше во куќата за да не зјапи по вода; ја земаше иконата на Св.Илија и ја вадеше на чардакот молејќи го светецот да му нареди на дождот да запре.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Излегуваше на чардакот и правеше вежби за да се размрда и потпевнуваше за да го задуши офкањето што му идеше од болките од реумата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Доста им осука кора, им испржи и колбаси, ги наруча сите три деца, и кога тие јадеа слатко на тарунчето на чардакот, таа ги погледна и се заврте на другата страна да не ѝ ги видат солзите што ѝ навреа на очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Арно ама, мислата, зародена уште на чардакот на вториот ден на Велигден, дека ќе треба Нешка да си ја оддели од неа, почна секоја ноќ да ја мачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Под душемето на чардакот имаше едно скришно место во кое ги криеше книгите кои можеа да бидат забранет и да му донесат несреќа на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Некои поединости од настаните ги знаеше, од свекрвата, од блиските, ама, сега, тука на чардакот, беше изложена целата вистина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овде, на чардакот, како да беше сѐ подготвено семејството да мине низ тој мост, да полета.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
III Мајка и Татко, конквечерум, на чардакот, со отворените средишни големи прозорци, седнати еден крај друг на зелениот миндер, гледаа замислено кон реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се случуваше и други вечери Татко да донесе некоја од своите книги како убав повод да го продолжи разговорот со Мајка на чардакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
XII Настаните во Татковата библиотека, предизвикани од распоредот на книгите, од некое неочекувано откритие во нивните прелистувани страници, потоа разговорите на чардакот со Мајка, не остануваа без последици и врз судбината на нашето семејство. Така беше и со ненадејното откритие на старите знамиња во двојното дно на чеизниот ковчег на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најчесто, кога Татко ја напушташе библиотеката, таа влегуваше речиси нечујно за да го присобере правот, да ги проветри книгите со свежината што продираше од реката, преку отворените прозорци на чардакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потоа испи неколку голтки од чајот, крај Мајка, седната на фотелјата спроти прозорецот на чардакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка зачудено гледаше во Куранот, па во Татко, а, на крајот, погледна кон небото, од отворениот прозорец на чардакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Настаните на чардакот и откриените знамиња на Мајка се случуваа во времето кога Татко чувствуваше дека му се затвора засекогаш школката на животот и дека беше дојдено времето да ги ослободи од себе сите свои тајни кои ги потиснуваше дури во дното на својата душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но очекуваше друга пригода, во некоја вечер на чарадакот, да си го раздиплат минатото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Игуменот ги поведе на чардакот од каде им се отвори широк поглед на целиот манастирски простор.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Поседаа на чардакот гледајќи во блескавото езеро што се прелеваше на месечината.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Истрча на чардакот. Истрчаа и жена му и син му.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Понекогаш и во сонот му се причинуваше дека куќата гори, стануваше, излегуваше на чардакот, гледаше во дворот, шмркаше со носот и му се чинеше дека му иде миризба на чад, стрчнуваше по скалите во кералот кај добитокот, проверуваше, гледаше дека нема ништо, и пак се враќаше да спие, но не можеше да спие.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И не се излагаа: полковниците излегуваа на чардакот, се превиткуваа преку оградата и повраќаа на калдрмата во дворот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од викањето се разбудија и другите селани, дотрчаа со садови, се предаваше водата од рака на рака, се правеа синџири од луѓе и се фрлаше водата; но нејзиното мало количество како да го потсилуваше огнот; некои од луѓето што беа похрабри, потпреа скала на ѕидот од куќата и се искачија на чардакот фрлајќи вода за да не се зафатат одаите и чатијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тие кожи што беа за гајди, таргачи, мешини, ги сушеше така цели, превртени од внатрешната страна, а оние што беа за опинци, постеќии или ремења, ги распоруваше, ги оптегнуваше со клинци на чардакот и ги премачкуваше со ќуќур, стипса, сол, или со сок од билките чуен и ноктец.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога му беше тешко среде книгите и не го наоѓаше саканиот излез, тој излегуваше на чардакот и ја бараше реката како патоказ на судбината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мајка со последните сили ги довршуваше преостанатите работи на денот, кои ја чекаа само неа, и се предаваше на лека дремка, во која сонот беше разблажен од содржината на разговорот на Татко и побратимот на чардакот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Братучедите полека излегоа на чардакот од племната каде што мамеше бледата светлина на раното утро.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Спањето ќе ви биде онаму на чардакот. Кокошките сами ќе се тргнат на една страна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На катов има уште две соби. Тие се на другиот крај на чардакот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Жените ги подаваа главите низ прозорци, излегуваа на чардаците и преплашено прашуваа што се случило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Кога седам на чардаков покрај рекава и гледам во ѕвездите, сѐ ми се чини дека сум таму, покрај Кубан“, ја завршил божем пред Анатолиј својата исповед дед Павел.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е, кога Голем Тодор и тајфата музичари и песнопојци ја испеале првата песна под прозорецот на Рајна, пресреќна таа и на чардакот ги поканила, ги нагостила, па дури и новите чевли си ги клала и прошетала на топуци пред нив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Истрчав на прозорецот - немаше ништо: истрчав на чардакот - немаше ништо.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Често бидува Преспанецот да потпевне на чардакот некоја стара и мераклиска - не мора да е баш преспанска ама секако да е натопена со роднокрајна тага: од кога е ставена чатијата на куќата Преспанецот си ја есапи песната за барјак развеан на чардакот а самиот во себе си вели дека е барјактар не да речеш за фалби или за нешто друго, ами отшто секој барјак си има и свој барјактар.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Стојат, ја гледаат, кон неа подаваат раце и ја викаат да дојде горе, на чардак.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога се качуваше по скалите, на чардакот кучката и куталето ја довршуваа попарата што ја беше надробила баба од манџата и лебот што не ги изеде даскалот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Многу милееше комесарот, некаде привечер, да седне на чардакот и да го разгледува новиот куп сечени аспри што му ги беа донеле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој седеше на чардакот од сарајот што го доби во тврдината, и опулот, наместо кон небото, ги пребројуваше катните и покривните греди, небаре недостоен да се насладува од синевината.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)