Нечистотијата се собира под ноктите и одовде: „Колку црното под ноктите“ - во значење на некое мошне мало количество, но во јужнословенската екумена фразеологизмот се појавува во мошне скратен облик: „нокот“ или „црно“; во делот од западното словенско население квантитативната вредност на црното под ноктите преминува во експресивно-квалитативна оценка: кој има црно под ноктите, тој има грев на душата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Липав за сите Баби со тешки товари во корпите, за Тетките со сини измастени пликоа во долги редици пред поштите, за Таксистите на црно кои со инспекциите и патарините се расправаа, за Циганчињата на Камениот мост кои просејќи умираа за нивните родители да живеат... за кои никој не собра заедничка сума, затоа што на родителите, законски не можеа да им се одземат...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Градот влезе во лоша позиција се донесе законот за прохибиција алкохол тешко се наоѓаше на црно но ганџа пушеа и децата во прво
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Можеш ли да му ја поматиш верноста
кон земното, додавајќи знак по знак
откривајќи ги срамните делови
на твојот систем
загадочниот метод
небесниот свод- дом
за да може да оди по истиот пат
и да стига до истата цел
човекот, оној кој над црната точка
стрепи по сличното, од различното стрепи
спојува еден со друг:
еден и еден, два со два, седумдесетидва
името го дели на четири
елементи – I.H.V.H.
тетраграматонот го врти, го враќа
ред по ред реди
вистината на скрбта ја учи
завист и суета, суета и завист
сѐ е бесценет камен, а број
свет и сила
равенката меѓу нив се припикнува
како вода меѓу шуплинките во карпата
како зрак во мрачна капела
бели точки на црна површина
поделена на две:
еднооко човече
дворог Пан
троока нимфа
четириаголен круг
пирамидална петка
црно на црно
расфрлан, разигран
Ум на Светлоста
Умна светлост.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)