Штом ќе излезела од храмот променета, просветлена и ведра, благословена од Бога, почнувала со секојдневното сновење: од чистењето на храмот и на иконите до спаструвањето на пилињата и на кутрињата, од тимарењето на кравите и на телињата, до последното скалило на камбанаријата итн., и тоа со ред, со усул, без тегоба, без жалба, без замор.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Всушност, самата градба на храмот беше една чудесна хармонија која, штом ќе ја видиш, ти влегува во окото и однатре те осветлува. Да не зборуваме за живописот нарисуван од даровити раце.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Запалив свеќа во темнината на храмот и си влегов во сопствениот мир.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ми годеа темнината и тишината на храмот. Тие ми го поземаа талозите на душата и ме олеснуваа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И кога внимаваш да не го повредиш законот на Хирам, градителот на храмот Соломонов, дека може да се добие само она што се заслужило со знаење и со труд.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
При градењето пак на храмот Соломонов, секакви ајљази сакале да ги дознаат тајните и без труд и без знаење да стигнат до мајсторската титула и го убиле Хирам, една не само чиста душа, туку и најголем уметник, главен раководител на работите на изградбата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Неколку минути потоа, веќе слегувавме кон западната одаја во подземјето на храмот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Постелата му мириса на излачениот страв.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Пред очите му прпелка сив гулаб кренат во рацете на свештеникот на Храмот и подготвен за жртвување, потоа пред очите му се појавува и самиот жртвеник на кој се принесуваат крвните дарови кон Бога од жртвените животни од кралот, од свештениците, од великодојстојниците и од бројниот народ кој во оваа камена градба виде исполнување на молитвите на генерациите од неговите излачени претходници, виде дом на Бога чиешто место на постоење го селеше со себе во своите долги номадски талкања по широките простори од Африка до Блискиот Исток, и конечно на канаанската земја и таму виде и дом за себе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И пак: Додека луѓето во страв и ужас се криеја, по келарите од куќите и најдлабоките засолништа, од милијардите ледни погледи на сивокрилните Сили што го затемнија небото, оние малкумина меѓу нив што не најдоа засолништа и се затекоа тука, гледаа во чудото што се случуваше пред нивните широко отворени очи, зашто силна светлина бликна од Светијата над светиите и пред неа се отвори тешкиот превез од прашина што надоаѓаше од пустината, а потоа се раствори и сенката на крилестите Сили што светлината ги претвораше во пламен и пепел штом ќе ги допреше, додека нивните трипати свиени шофари паѓаа во снопот, се палеа од неговата огнена сила и се спепелуваа како и крилјата на сивокрилите летачи што ќе ѝ се најдеа на патот на чистата светлина, додека спржените ангели со ледни очи крескаа во ужас и паѓаа одгоре и допламнуваа, превртувајќи се низ воздухот како огромни пеколни факли, а светлината што бликаше од скутовите на Храмот отвораше пат, угоре, кон чистото небо, та тогаш оние од Израилот што го видоа тоа чудо на светлиот пат што ја спои утробата на Храмот со разгрнатата порта на Небото, посведочија уште едно чудо во кое, полека лебдејќи, по патот на светлината почна да се искачува арката на Заветот со Законот во неа и фати да се оддалечува и се упати кон портите Небесни и кога овие ја примија се затвори капијата на Сводот, превез од темни облаци го препокри затвореното небо, а зракот од срцето на Храмот полека почна да слабее сѐ додека наполно не згасна, та во Светињата над светитите ја немаше веќе самата Светиња во која престојуваше Зборот Божји, а за земјата немаше веќе Законот Негов, само студениот ветер на темните Сили... Доктор Корец ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Hannukah обнова или повторна препосветување; осумдневен празник посветен на победата на јудаизмот и изгонот на хеленистичкото паганство од ерусалимскиот храм; победа на Јуда Макавеецот врз Антиох Епифан со повторната посвета на храмот и олтарот кон едиствениот Бог на Израилот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слогови чија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се нивни години, утре ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урнатината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт и станаа смрт дури и по својата смрт.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Златни бумбари наеднаш прошетуваат низ озвучениот воздух Зарем и нив ги имаат моделирано градителите на храмов Таму горе, во рајските работилници?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)