на (предл.) - храброст (имн.)

И кај нив да се создава колективно чувство на храброст, смелост, решителност, самопожртвуваност...”.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Очигледно недостигот на храброста, Ѓорѓе го надополнил со неколкуте пообемни чашки алкохол.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не, не станува збор за истрошеност на жарчињата на храброста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но сепак сфатив дека многу нешта во човекот се менуваат со текот на времето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Црквата ги величи зашто сама ги создала и ги хранела со иудашки сребереници од нејзината азна, а државата без срам се гордее со кодошлакот, шпионството и одродништвото и како пример на храброст за дечињата уште првиот ден на пречекорување на прагот од градинката, во нивните чисти души го истура отровот на отуѓеноста од родот и во тефтерите ги запишува со грчка пена. 3 ***
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Скромноста и правдољубието се главни карактеристики на храброста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За неа, верувањето во Бога прераснуваше во голем чин на храброст да се спасуваат чедата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А ти, дали веруваш? – Јас, мили мој, не сум толку учена да можам да посочам философски докази за постоењето на Севишниот. – Имаш право, никој не успеал во тоа, сите учења на човека не се доволни за тоа. – Но јас, сепак, верувам во нешто. – Во што веруваш, мила? – Верувам во чинови на храброст или на верба, кога ќе се соочиме со безнадежноста. – И тогаш?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пред мугрите на педесеттите години, нашето писмо испратено до италијанската стоковна куќа Ла Ринашенте, претставуваше неверојатен чин на храброст, но и на лудост, на голема илузија дека писмото ќе стигне на крајната адреса и дека, на крајот, каталогот ќе заврши во рацете на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- „Ако имате муда“ имплицира некакви анахрони мачоистички и реалистички концепти без двомолекулско чувство за виртуелноста и на храброста и на борбата, или, ако сакате, за нивната релативност и нестварност...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)