на (предл.) - формирање (имн.)

12. Во организационото тело на КОЕМ што требаше да работи на формирање партиски организации по окрузи, бевме избрани: Апостол Макаровски, Оливера Поточка и јас, а за секретар се прифати Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите преземени воено-политички мерки од страна на ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПО на Македонија, кон крајот на 1944 година го заокружувале процесот на формирање на македонската војска која капитулацијата на фашистичка Бугарија ја дочекала како респектирана воена сила од страна на сојузниците, а на политички план ја верифицирала дотогашната борба на македонскиот народ за формирање на држава како пиемонт за обединување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По својата форма на формирање СОЕ претставувала хибрид формиран од повеќе одделни организации кои биле формирани за таа цел: од секција Д како дел од тајната известителна служба (Secret Intelligence Service-SIS), задолжена за изведување на саботажи и која била активна на Балканот пред 1941 година; МИР дел од воениот кабинет и Elektra House, задолжен за пропагандна активност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тоа беше почетокот на формирањето на андерграундот во овој град.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Прицврстен за своето семејно стебло од кое се храни, заслепен од листовите кои го опкружуваат, неговото битие не ја запознало безграничноста на просторот во своето време на формирање.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во однос на обединувањето на Македонија се потенцирала нивната подготвеност за прифаќање и одобрување на формирање на македонската држава во рамките на Федеративна Југославија, но дека тие со сите расположливи средства би се спротивставиле на формирањето на „голема македонска држава која има аспирации на грчки територии“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)