на (предл.) - уќумат (имн.)

Муурот што ќе го ставиме ќе биде запишан на книга, и ако зборот го прекршиш, ќе одговараш на уќуматот, жими Алах”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И си додава во мислите И добро е што тогаш не се сети на тоа, зашто во стравот може ќе се излажеше и ќе застанеше, па заптиите врзан ќе го отераа на ујќумат, а таму...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Престануа да ја кубе тревата, го крева погледот и отворено ги гледа првин Максима а потоа и Костадина Дамчески: Ако ги оставев да ме отераат на ујќумат, вели, тие таму ќе ми направеа претрес.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Немаше ден, недела да не го викаат на уќумат заради неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш си помисли дека можат врзан да го отераат на ујќумат и му ја летна, по другото сокаче, од кај сааткулата, од кај бавчанџиите, по Дабничка Река и покрај Данова Воденица и назад по Пазарџиски Пат стаса назад во Потковицава, што се вели како од праќа фрлен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)