на (предл.) - учителка (имн.)

За претседател на колективот го поставија Најда Акиноски а на предлог на учителката, Зорка Маѓероска, битолчанка, на колективот му го дадоа името на администраторот - БЛАЖЕ АЛЕКСОСКИ - ПЕНАТА.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Реагирањето на учителката од публиката, за Јан Босе било интересно колку што и самата претстава.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Знам, на крајот го бакна, а тој се расплака и се пожали на учителката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Често го запирав погледот на учителката Вера и ми се чинеше дека и таа е нерасположена што го нема татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Маќеа сакаш татко да ни донесеш, сакав јас така грубо да му речам, но во тој момент ми излезе пред очи ликот на учителката Вера и не знам зошто тоа „ маќеа“ не можев да го поврзам со неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Учителката рече сите да одиме да го видиме. А за Весна зборот на учителката е закон над законите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Да, навистина, ако не личи на некоја од мајките кои денеска беа во дворот на училиштето, тогаш сигурно има еден добар дел од душевноста на учителката од Долнени, си помислува Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На враќање ни една од нив во себе немаа мисла за Дончо и за Митра, ни за тоа зошто ја немаше Чана, туку и во трите стоеше само кадрото на учителката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но глувчето си е глувче, ѓаволесто и вражесто: се растрча по клупата, го напна конецот и: фак! - рипна во градите на учителката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Второ - кога ќе посака ќе и го заврзува јазикот на учителката па не ќе може да го испрашува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А за Весна зборот на учителката е закон над законите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)