на (предл.) - училница (имн.)

Малечката Пелагија не ни го слушна своето име, ама мајка ѝ ја завлече кон средината на училницата и ја седна во една клупа, а таа самата остана простум во празното меѓу двата реда клупи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од крајот на градината, па и од прозорците на училницата, го надвишувавме сиот пејсаж.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Што да правам сега?“ - размислуваше Соња стоејќи пред вратата на училницата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Вратата тресна наместо мојата глава, и ѕидот на училницата ја оддели девојката, оневозможувајќи ѝ да ме удри.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)