на (предл.) - усна (имн.)

Не ја слушам дали ми вели нешто, но веднаш на усната го чуствувам топлото лажиче што жената ми го бутка меѓу усните.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Младата наставничка понекогаш ќе се загледаше преку прозорецот, од каде што наѕираа гранки и низ нив сино небо, и како да се загубуваше сета отсутна за миг, -на усните ќе ѝ се јави една толку лека и толку занесена усмевка, што мене просто ме принудува да ја следам и внатрешно да учествувам во неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Некои луѓе одат низ животот со остатоци од блујавица на усните.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со нејзиното име на усните, во мислите, заспа на највисокиот, Орелски Врв...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Очите ѝ забележуваа сѐ, и сега таа ги слушаше вообичаените звуци, за кои обично не беше свесна - ѕвечкањето на ножовите и виљушките кога ги допираа чиниите, мласкањето на усните што џвакаа и клокотењето на виното додека го сипуваа во чашите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Одново го напуштам овој двор Со рака на усните за да не се чуе Што сакав да ѝ шепнам на мајка ми Некогаш на разделување, Некогаш кога цутеа црешите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Љубовна луња на усните на млекарката што пее квечерина и Одот нејзин што отвора тајни врати низ кои се гледаат Белата грива на детството Грозно ронење на твоите години и ѕвездите што ќе трепкаат врз тебе.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На усниве, во мислата, врз душава се втиснати буквите на твојот неизречен збор и велам - добро е.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Прашањето потона во очите, се закова на усните и пак настана молк.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И чека сѐ додека не забележи дека стравот ти влезе в коски, дека ти го совлада мозокот, те фати за грклан, за гради, те стега, те гмечи, те дави, дека губиш виделина и кога ќе види дека почнуваш да се гушиш, да трепериш, да губиш виделина, тогаш знае дека во тебе го внесе зајакот; престанува да тропа чизмата на подот, тупаницата да удира на масата... од очите му се одлива крвта, на усните му се појавува некаква скриена итрина и без да откини поглед од тебе, ти подава ливче и тивко, тукуречи добродушно, ти вели: - Читај! Гласно!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пече горчината на пелинот што како имела ми се залепи на усните.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаше такви луѓе во Гнездо: лежеа на креветите, а насмевка им трепереше на усните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Изгледаа како да се откинати од светот, како тукушто да ги пуштиле да минат низ портите на рајот, или како пак да ги вратиле во утробите на нивните мајки. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајката не може да го види тажниот неспокој на своето дете; таа гледа кон некое друго место, некаде далеку.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа болка се спуштила и на усните на детето, и на гестот на неговите раце – едната ја ставило високо на градите, над срцето, а со прстињата од другата се држи за палецот на мајка си, и како да покажува со показалецот надолу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И така, се подели светот: на оние со сладост и милност на глувчињата во кафезите на својата глава, заслушани, со широки насмевки на лицето, со шепотни облачиња на усните, и на оние со затворени, згрчени усти, со очи ококорени, обезглавени, исплашени, вџашени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но на неколцина старци, не толку високи колку суви, Онисифор Проказник им се сторил постар од своето старешинство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со засипнат глас од кој и мртвите сенки се морничавеле, му раскажал што се случило. И паднал со пена на усните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Полека говорел за да може да го разбере по движењето на усните што сакал да каже.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Слепо во споулавеноста барајќи пат кон тишини во кои не ќе зататни ни пушка ни топ, по богтизнае колку замаглени дни и студени ноќи, се сретнал во безживотен дол со калуѓер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На покривот се собираа гугутки, ги слушнав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ можел да се заколнеш дека од првото исправање на нозе и со неисушена капка мајчинско млеко на усните се вежбал само за една одбрана и за еден ден, за тоа смирување на попладнето исполнето со топлина и со брчење на златни бубачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Слична на сина снегулка, на прозорецот падна пеперуга и се сетив: болеста моја беше да се дочека пролетта на туѓ сламарник, лек - да се гледа низ клепки во детски подотворено руменило на усни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа, ја зграпчил со силен замав за рака и ѝ се внесол в лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таков им доаѓал пред тоа во соништата или со тегобите: намќоросан, речиси без линија на усни, нездраво бел под небриченоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само за миг пред острицата на долгата сабја да падне врз него се фрлил во скок кон коњот и ги зграпчил уздите. Го избегнал нападот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Проблемот е... - Рада не доврши зашто прстот на Јана беше ставен на усните на Рада. - Пссст. Сега не!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Павле и Иван притрчуваат горе, го стркалуваат на земјата и јадра, извалкана од земја дланка му паѓа на усните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И Богдан, отпивнувајќи од чашата, погледот го држеше кон неа; охрабрен од пијалокот сѐ така очите ги имаше вперено кон неа за да ѝ го види подобро и подолго оној нејзин змиски поглед, оној нејзин отровен насмев, она нејзино кисело собирање на усните мачејќи се да се насмевне, она нагло менување на боите на лицето предизвикано од внатрешниот немир, она нагло менување на расположението, она нејзино нервозно префрлување нога врз нога, она почесто палење цигара и нервозно гаснење тукушто запушена и она нејзино уморно поджулнување на слепоочниците со прстите, она нејзино постојано ставање на рацете на маса, па на скут не оставајќи ги ни малку да се смират.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од почеток Исчезнувам и пак се појавувам, и бројам, Во секој ден го бројам нашето време, движењата на усните твоите зборови, мислите, миговите на спокој, ми го смируваат исчезнувањето, така ми е полесно.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Сега го гледаше овој друг лекар, а краевите на усните му се виткаа како врвови на вжештени игли.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И се насмевна со темна пакост на усните: „Додека чекав да ме пријавите на уважениот началник прочитав неколку решенија на оваа маса. Дивни податоци и дивни бројки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Имаше мал дискретен сјај на усните и изгледаше прекрасно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Почна да зборува, со истиот безизразен глас како и порано, речиси без мрдање на усните, со одвај чуен мрмор што лесно се губеше во вревата од гласовите и татнежот на камионите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон се разбуди со зборот „ Шекспир“ на усните.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На усните му се лепеше некаква правлива материја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас го правев тоа со страст што ме опијануваше, шмукајќи ја првин едната, а потоа другата брадавица, апејќи ги цицките чие менување на облините го чувствував на површината на усните и јазикот, кој застануваше на места за потоа одеднаш да направи свиок со врвот, да притисне, да потсети дека јас сум тука и дека таа игра не е надвор од мене, дека таа е дел од моето рацио, дека знам што правам и дека знам зошто го правам тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа се качив горе во собата и бавно пред огледалото ја вадев шминката од очите и веќе избледениот кармин на усните.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И по тоа што кога ќе ме погледнеше, за миг ме гледаше интензивно, а потоа го тргнуваше погледот, а најмногу по говорот, по отвореноста и должината на самогласките, што, се разбира, е одлика на сите од овој крај, ама во случајов и бојата на гласот беше иста, и поставеноста на забите, и линијата на усните.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ја осетив таа сладост на усните и на врвот од јазикот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Јатата одлетале, Ѕвездо моја, ама ќе се вратат... ако има враќање - Секое заминување нема враќање - тивко си шепоти баба Петра, ама Ѕвезда сепак ја разбира, според мрдањето на усните ја разбира.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
14. О однесете го нека спие долго со долг сон и закопана песна во црвеницата на својто мртво око Но не под врба проклета ко војник чемерен и заборавен од секој и не ко мома со жолтица на усните Исправен беше до задниот миг со песна стројна како `рбетот строен ко дрво извишено в лет Спуштете го под бука бушава лисје да падне да го разбуди ветер да вејне да го распее Зашто тој пее слушате ли пее та пее во вас неговата смрт со жал ве храни и надежи нови О однесете го нека спие долго
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
9. Се гласи ноќната шума и попусто вика да запреш ти не слушаш ни каменот го гледаш ни повејот што јакне не слушаш те мами сал ноќта и тие светлината в сон што им иде дур попусто некој те вика и чекорот твој свиден ти не слушаш Час е неречената песна ѕвездите кога ги виши во штамата на светот и притаената мрака што сака под тие светила скришни да ти го згасне летот ти не слушаш Истрел ги собори ѕвездите Самотнику дали го чу И како да го чуеш во итањето во тоа итање убаво на усните со зборот што ги раскрева урнатините на ноќта и во заборав ја истава црната стија на биднината Радост на итањето твое по ранетите лисја по премалениот шум сал муграта твоја ја знае и истрелот само ја чу
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Но длановите твои не венат со грстои риеш по мртвиот мрак по земјата со трендафил на усни Црвенице што раката те знае расцути ми со уште еден цвет од земја мрак и видело што иде Добрлижи ги заспаните што лежат во пазувите нежни лулкај ги поубав ден да иссонуваат За нив тој цвет од виножитни бои во старава и бессонава шума и венење и листеж што ја знаат
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
И сонувам ден во кој се ќе биде игра Благо успение Со модри пеперуги на усните.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Ги подаваме рацете напред И остануваме скаменети Со молбен крик на усните.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Доаѓате сите вие Со црвени пеперуги на усните За исцелување од гревови Со лути змии во табаните Што ве носат на погрешни места.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Како и сѐ друго – и зборот твој во мене се раѓаше И како се обидов да го изговорам твоето име Така гласот ми се скамени на усните.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
На местата свои јунаците гинат по долг и по судба се другари први, во смртта со усмев на усните минат, да не жугне врагот, од страв да се здрви.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
„Џорџ?“ се наднесе жена му. „Знам што мислиш. Ти се чита на усните.“ Тој лежеше сосема мирно, чекајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Беше проѕирно, нежно девојче кое како пред многу години да се загубило на дождот, како дождот да ѝ го измил синилото на очите и руменилото на усните и како жито жолтата боја на косата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Божем можело таквата тежина да се поднесе само со стегнување на усните, или пак да се совлада на тој начин што ќе се однесат на реката еден рид черги, па сиот бес ќе се истури преку пиралката.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Влажен клик на усните и остро провирање на плодот од едно постоење ново Гранките се пореваат скршени во своите сенки округли раце од месечина и рамена од облаци.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Сум сакал многу џабалеску на увце цигу-цигулеску и на усни оган изгореску А ти се мислиш ли сореску кога ме правиш кочанеску и уште ми велиш срам те билеску.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Туѓа ми е љубовта небесна, ја чувствувам како своја тагата и омразата што ме опила и на дното од чашата како последна капка најпрефинето вино чека да се стопи на усните на некој безначаен лик.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да бидеме номади со пустински шатори и цигански черги, со насмевка на усните, сјај во очите и милост во срцата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Соништата ги продавам за повеќе да не се разбудам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мислите дека небото ке тагува со вас, ке плачете и можеби ке си олесните за момент, ке исфрлите дел од лошотилакот, но ке добиете лишаи по лицето,испукани капилари во очите и црвенило на усните.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секогаш ќе постојат работи, мешавина од емоции во блескавите од солзи очи кои нема да може да ги искажеме со зборови, а внатре во душата ќе не притискаат чувства кои ни малку не се проѕирни, тие се длабоки, но далечни, а на усните ќе ни се забележува топол бран од слатки воздишки.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И никогаш не е доцна на вистинската љубов да ѝ дадеме втора шанса.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога со своите подадени раце и со некоја темјанушка на усните меѓу уште подзарцвенетите обравчиња, куклата покани “Повелете“, од рацете на Дедо Мраз испопаѓаа јажињата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Наднесена над поднамодренотo лице Дедомразово подзамрежено од декемврискиот сињак, со нежно памукче на усничките, убавицата ги собираше капките претворајќи ги, притоа, во нови мустаќи, нова брада.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Теми навистина го восхити, ама на машките не им е стил така јавно и експлозивно да се восхитуваат, па затоа само дискретно ѝ се насмевна, ги крена рацете со преплетени стегнати прсти, а според движењата на усните таа можеше да протолкува - СУПЕР!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А таму кадешто секоја недела и секои празник гласно биеле црквените камбани - молитвите биле неми, зборувале само очите, се молеле челата, образите, метаниите ниски, ниски до самоти земја допирана со чело, одвај забележливите движења на усните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само за миг на усните ѝ залепи мислата: дали срцето му е топло?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Дедо... – пак му се обратив на дедо, ама тој пак покажа со прст на усните и јас замолчав и се загледав во таванот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој ме погледна и строго и жаловито и, ставајќи го прстот на усните, ми просаска: - Сус, чендо... - и толку, повеќе ништо не ми рече и мене за тој ден и повеќе денови потоа ми беше доста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Дедо... – му се обратив на дедо, ама тој ме прекина, ставајќи прст на усните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А кога се бакнавме, по филмот „Дејвид и Лиза“ во кинотеката дури во Рајнбек и во ноќ толку студена што ниедна бактерија или вирус не би можеле да преживеат, тоа не беше ништо повеќе од бегло допирање на усните.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе се бакневме, усните ќе ти се отвореа и кога твојот јазик на неколку наврати ќе посегнеше по мојот, ти го откопчував првото копче од блузата, откривајќи ти го младежот на дното на грлото кој беше во хармонија со помалата дамка на аголот на усните што јас толку многу ја сакав, а потоа второто копче кое откриваше нежен златен крст - јас секогаш се обидував да го сметам само за моден детал - што се нишаше над расцепот на твоите гради.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Не сакам да мислам на неа но не можам поинаку.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Третото копче ти ја разоткриваше чипканата набабреност на прслучето и јас си ја лизгав раката низ дезенираната мрежа напипувајќи ја цврстината на твојата пупка која ми се креваше кон прстите, но ти малку ќе се повлечеше и во позадината на забрзаниот ти здив твојот бакнеж се оддалечуваше и јас почнував посилно да те бакнувам обидувајќи се да те намамам да се вратиш од каде и да беше и конечно, држејќи те како да бев само пријател утешник, те прашував, „што си мислиш?“ иако, се разбира, знаев што ќе одговориш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Едниот шишкав, црномурест и намуртен, другиот мршав, русикав и само си ја преџвака насмевката на усните.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)