на (предл.) - умрен (имн.)

Затоа ги молам сите живи а на умрените — нивните потомци, да не го земаат за зло и навреда ако се прикажани како негативни личности.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од сите овие видувања на умрени кои слегуваат да пијат вода на изворите, најфантастично беше она, за Трајана Дамческа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некој го измислил а сите го прифатија, не дека снаата Илинка ката утро не ѝ носеше бардаче пресна вода и кивче босилек какво што таа, Трајана, секогаш имаше прикачено за шамијата над увото, туку дека жителите на Потковицата никогаш не стигнаа да ја прежалат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лошо претчувство внесе во неговите мисли тоа ноќно биење на камбаната. - На умрено бие - рече и забрзано зачекори.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се случуваше во гробовите на побогатите луѓе или кај оние што биле мераклии за вино, та му ставиле во гробот да му се најдат на тој свет, - да се откопаат и по триесетина шишиња со вино, кое одлежано неколку години, имаше прекрасен вкус; шишињата се пиеја заеднички за душа на умрениот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повелете бројче, изводот од книгата на умрените ќе ви биде изготвен за три дена “.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И така сѐ до смртта на долниот бабар, една од најубавите епизоди на нашата фолклорна ризница, во која телото на умрениот бабар симболички се распарчува; претходно, гатачот го обвинува домаќинот за смртта на бабарот: „Алему бале, пците му го клале, кај тебе ата ме најде, штета ми се штети, здрав го доведов другаров, а овдека мртов падна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Прстите му станаа грибло во мојата коса, го копаа коренот на влакната со тврди нокти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сторивме грев, синковци господови и мои“, прослови. „Едни умираат, други на умрениот му го лапаат ајванчето.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На умрениот му требало шамиче за да му се избрише крвцата од устите, другарката Оливера Срезоска со солзи го подава своето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На умрениот му требало бел чаршаф за да не го гори сонцето, чаршаф веднаш се донесува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И мигум сети лозарот од Неготино како обичните луѓе стануваат обични смртници, обична бројка во списокот на умрените.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Би потсетиле само на: Лао Це, Конфучие, Тибетанската книга на умрените, И Чинг, Панчатантра, Махарабхата, Рамајана и Упанишадите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Му ги собувам чевлите, на умрен чевли не му требаат, си велам, и му ги отпетлувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)