на (предл.) - умирање (имн.)

Веднаш си помислив дека некој е тешко болен или е на умирање и не дај Боже, да не умрел...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие ги напаѓаат, исто така, и болните и луѓето на умирање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нешто во тоа движење му кажа дека сестра му е на умирање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во паметта го штрекнаа зборовите што му ги рече таткото на умирање: „Проклетија ти оставам, Аргире“, му рече тој тогаш, “не пуштај никого лесно на скелето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Некој му носи понада не од почит кон него, ами кон смртта што го чека и него; му носи што е најубаво за јадење за да му ја одоброволи смртта и да му ја направи помила, зашто животот си оди и како да си го проживеал: добро или лошо, среќно или несреќно; сиот живот е само еден миг: мигот на умирањето: во него сѐ е збрано.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Градењето на синтаксата веќе е уметност на умирање; норма е едноставната лингвистичка конструкција.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не морам на тоа да мислам сега додека имам сексуален однос со жената, но каде најде тоа да се подметне сега додека јас на умирање лежам во својата смртна постела.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А таа тоа го прави токму затоа што знае дека сум на умирање и дека ништо не можам да превземам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Си велам,човек на овие мои години и олку на умирање, на жена не помислува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ја запаливме последната цигара (ѝ дадовме филмско димче на љубовта која беше на умирање).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Секоја квечерина ја праќам на спротивната страна за да ми го продолжи родот. Зашто јас сум осуден на умирање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас неа ја наговорив да му пише нему и да му рече оти божем јас сум ѝ на умирање.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Да не е некој на умирање, си мислам, па му пеат проштена молитва!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По пет дена ми кажуваат: детето ви е на умирање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На умирање ми ја даде да му го споменувам името.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Мантијава ми е, ако не си знаел, од покојниот поп Атанас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во финалето на последното кажување Веселин, Мена и малиот раскажувач ќе слезат кон полето исполнети со дрвени некролози и ќе почувствуваат неодложна желба да ги уништат табличките, тие морничави белези на умирањето: „Сите овие проклети крстови ќе ги искорнеме, рече Веселин, сите до еден.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Шумата се згрчи пред болката на царицата - во тоа завивање беше скриена и онаа закана што се јавува кај волчицата на плодење и на умирање.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дали манастирските одаи понекогаш стануваат Фабрики за свежи сонови Од коишто како што некој беше рекол Будењето е еднакво на умирање?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Не, не сум мртов. За мртвиот секој прашува: кога умре, како умре, одошто? Не прашуваат само за оној што е на умирање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Полека, со уживање, градот му се препушти на раскошот на умирањето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)