на (предл.) - удар (имн.)

За да не останам ментално хендикепиран секојдневно ги оптеретував моите мозочни ганглии како да возвратам на ударот и на сериозните напади врз мојата сива маса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тој седеше сосем исправен во својот стол, додека неговите моќни гради се издигаа и потреперуваа како да му се противставуваат на удар на бран.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Силината на ударот речиси го поткрена од подот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Токму затоа, со право можеме да заклучиме дека правата на работниците се наоѓаат помеѓу чеканот и наковалната, постојано на удар од ниските плати кои не секогаш ги добиваат, прекувремената (неплатена) работа, небезбедните работни места, прекарната работа, замолчените синдикати и слепите институции, а законите кои треба да се подлогата на која тие стојат и која треба да го спречи ваквиот удар, воопшто не го прави тоа, туку напротив со многубројните измени на легислативата само го олеснува понатамошното обезвреднување на трудот на работникот, кој се претвори во обично средство во работниот процес.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Работничките права во Македонија беа и ќе бидат на удар, многу повеќе ако самите работници и политичките субјекти кои ги застапуваат нивните интереси не застанат во одбрана на работничките права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се мешаа националности, вери и обичаи, луѓето живееја во доверба, разбирање, заеднички полесно им се спротивставуваа на ударите на судбината во овие неизвесни времиња.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми, како непартиец, знаеше дека ако купи коза прв би бил на удар, доколку дојде од власта строгата забрана за чување кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Волкот не мирува кога гледа кози. Ние, и без козите, ќе бидеме меѓу првите на удар!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нашиот непријателски настроен сосед, тони во рецесија напад на банки, странски компании, подложени на удар на политички радикализам и екстремизам...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ама издржа... – Но сега се на удар неговите браќа, нивните семејства!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)