на (предл.) - тутун (имн.)

Ручекот не е оној истиот од пред малку затоа што сега е задушен, додадена му е аромата на запалена цигара, на тутунот што споро гори, ама силно чади и бргу убива.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Понеделник е, и тој знае дека берберницата не е отворена, Боце сигурно отишол со децата на тутун.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Среде во дворот тој најде писмо.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Целата кула мирисаше на тутун. Сѐ беше напразно...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таму нема живот, не се живее само од обработка на тутун“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мирисот на тутун стигнуваше до секој агол на салонот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Жолтото месо на тутунот зацврче и умре во црна облека. „Морав, докторе. Простете“, погледна кон вратата Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Прозорецот е отворен и однатре удира спарен мирис на тутун, вино и на живи трупови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но мајка ѝ ја проверуваше: ја тераше да ѝ ухне со устата и по здивот што ѝ мирисаше на тутун, дознаваше дека пуши.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Вентилите го вцицуваа и испуштаа воздухот, реата на тутун од устите на освојувачите, реата на зелен сапун од нивните раце.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)