на (предл.) - тиранија (имн.)

За трите земји е карактеристично што создале големи писатели кои се спротивставувале на тираниите во минатото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На тиранијата ѝ е потребен твојот очај, поразот на тие што не се согласувуваат со неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Наивната прикаска за групичка расипани узурпатори на една страна и слободарските народни маси заробени во оковите на тиранијата на друга, веќе не е ни за детски уши.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За да го докажеме тоа, да ги подвргнеме Фактите пред судот на генерациите што доаѓаат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа беше ден на тиранијата. Бог рече денот да се вика тиранида.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
-Овие стари лидери, белци, водеа постојани војни против другите облици на живот, правејќи слуги од нив и убивајќи како ќе им текне - птици, риби, животни и растурајќи смртоносен ќилим од бетон и метал насекаде по мекото тело на земјата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Историјата на белиот, лажлив, менопаузен маж што сега ја води планетава, е историја на повторувано насилство врз хармоничните закони на природата, кои имаат за цел воспоставување на тиранија на материјалистите возрасни над нежните, мирољубивите, младите, обоените.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)