на (предл.) - тезга (имн.)

Во овој стар Солун, кој е ист како што бил некогаш, пред многу десетици години, во кој се водела старата трговија на ќепенци на тезги, се среќава еден куриозитет: трговија со отпадни делови на фрлени и катастрофаирани автомобили и тоа од секаков вид и речиси од сите светски марки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Посебни денови се саботите. Некому викенд, нам главен пазарен ден од онаа страна на тезгата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На тезгата работиш, а позади пржиш пипер, патлиџан, со јајца или без нив, готвиш и тука јадеш „на стајање“, ама и се сончаш додека ти ја припазуваат тезгата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А, за секоја евентуалија, за нечитачите, на тезгата ќе изложам грицкалици за нокти за нервозни гризачи, камен за распукани петици, жилети за очајници и фластери за оние што по сечење вени стануваат пишман, па, ако пишаниот збор случајно не им се допаѓа и оние од инспекторатот при министерствата за разни и безобразни, како и за сѐ и за ништо, може ќе бендисаат некое сино пенкалце или запалка со која ќе оди резервоар со плин за полнење за штедливи, со моето отпечатено име со златни букви на него, како кандидат за – ништо и за никаде!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Па ОК. Се надевам дека и ти имаш видено синтетички сини боксерки на тезгите по пазарите.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
А човекот оној беше трговец со две нешта, оти само две нешта видов на тезгата негова на пазарот: пајаци во разни големини и од сорти разни: страшни и отровни, нестрашни а отровни, страшни а неотровни, нестрашни и неотровни; и, клучеви многубројни, златни, за непознати клучалници.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И на клучот златен ги видов истите букви, иницијали, како и на клучевите на тезгата на чудниот трговец Амореец, на пазарот во Дамаск!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Заборавена книга на камен, крај жена, во тунел, на ѕвезда, под биро, во купе, на тезга во рамка, под микроскоп;
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Со долгнавест жолт камен во средината, што се прелива во сите нијанси на таа боја, и проѕирен, а од страните целиот обрабен со сребро.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Каков прстен! Најубавиот што го имаше на тезгите. И скап. Голем.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ништо особено: проќелаво ситнолико старче, со очила од дебело стакло и без рамки, врзани за ушите со усукано ортомче, со ново забало во устата што севезден нешто како да џвакаше иако беше празна и нема (саказот веќе беше вон мода и вон норми, а гумата за џвакање влегуваше во мода ама не влегуваше низ увоз), со отпуштени дланки и неподвижни прсти, кои ситно но непрекинато се тресеа - небаре над секоја пара, и најситната металка, што паѓаше на тезгата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Одеднаш Дејко со глава нишна накај копчињата на тезгата за галантерија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ајде, заборавете го мојот лош предлог.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Шетавме, божем незаинтересирани и чекавме продавачката да се сврти, да услужи некоја купувачка од страната на тезгата со панделки и разни конци и во тој миг да мавнеме по некое копче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Баба ми има една кутија полна копчиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мама вели дека се распарени и баба со години ги собирала.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Навистина не размислив...“ му беше многу непријатно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)